29 Јуни, 2024
0.0339

Во официјалниот регистар на болести мора да стои дијагнозата „отсуство на емпатија“ и да се третира, вели Дејан Блажевски

Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Доколку не сте ги читале колумните и фејсбук-статусите на Дејан Блажески, сте пропуштиле многу. Неговите гледишта побудуваат интерес, првенствено заради квидитетот. Сепак, четириесетгодишниот охриѓанец, инаку магистер по економски науки, без оглед на специјалноста - здравството, работи како менаџер во банка. Покрај шеф на министерскиот кабинет, бил и советник на градското собрание. 

Постојаната надградба е исто така негова одлика. Извесно време поминал во Кина со цел да се дообразува. Со него разговаравме опуштено, без притисок. За сенешто, а неговите размисли ќе ви се допаднат и вам, сигурно. Муабетот е доста инспиративен.

Вашето присуство на социјалните мрежи е забележливо и преку нарацијата, меѓу другото. Факт е дека Вашите фејсбук-статуси го привлекуваат вниманието на јавноста. Нивната стилизација е очигледна, вклучително и ортографскиот речник, правописот. Но, каква е целта? Разонода или...? Каква е пораката што сакате да им ја испратите на пријателите, следбениците?

Д. Б.:Во манирот на доброто однесување, најпрво благодарам за ваквата констатација. Луѓето во принцип, заради однапред определени и општоприфатени шаблони на однесување, најчесто мислат дека е најправилно и најбезбедно да бидат лажно скромни, но најчесто не се свесни за тоа колку им тежи зборот (кажан или пишан), на крајот на краиштата и карактерот. Целосно сум свесен и стојам позади тоа што го пишувам. Поривот е среќата, тагата, емпатијата, носталгијата, љубова, анскиозноста, стаменоста, постојаноста, непостојаноста, стравот, храброста... Компилација од сето ова, a не само фрлено во етер. Си го направиле годините, искуството, образованието, дарбата од Бог, презирот кон примитивизмот, кон снобизмот, кон коруптивноста, кон неемотивноста, кон нечовеноста, кон отсуството на емоционална интелигенција. Навистина мислам дека контаминацијата на социјалните мрежи, односно нејзиниот нусефект може да се неутрализира исклучиво со поинаков пристап. Со убави мисли, со пристојни фотографии, со убава музика... Социјалните мрежи за жал станаа судница, секојдевно се отсекуваат глави, царува примитивизмот, неписменоста, површноста и злобата. Од друга страна, многумина интелектуалци останаа неми набљудувачи на настаните, уживајќи во конформизмот. За жал, најголем дел од нив се токму оние за кои се претпоставуваше дека согласно професијата треба да бидат најгласни. Интелектуалецот не смее да молчи, мора да најде начин макар да протне став. Сѐ друго е неподнослива леснотија на релативизирање на работите. Во ова општество секој став чини, оттаму сметам дека називот разонода во овој контекст е целосно неупотреблив.

Забележлива е Вашата филантропија исто така. И добротворството и човекољубието е убава работа. Како се чувствувате кога знаете дека помагате некому, макар и накратко? Што Ве мотивира, од какви побуди? И како започна сѐ?

Д. Б.: Во официјалниот регистар на болести мора да стои дијагнозата „отсуство на емпатија“ и да се третира. Не ги разбрав индивидуалната среќа и себичноста. Приврзаник сум на колективна среќа. Секој мора да помага во рамките на своите можности. Секој има морална обврска да помогне со нешто во нечија борба. Нема поголема среќа кога легнуваш со помислата дека нешто добро си направил за некој во денот. Не знам зошто луѓето не сфаќаат дека помагајќи на другиот си помагаат и себеси. Законот на природата го наградува тоа. Не знам како започна, внатрешно е, инертно е... Навистина не знам.

Повеќе на Машки магазин


Можеби ќе ве интересира

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ