23 Мај, 2024
0.0324

Во патишта кон Бугарија инвестираме 100 милиони евра, за пругата ќе требаат 600 милиони, вели Бочварски

Објавено во: Економија 22 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

„Треба да развиваме појасни и посилни инфраструктурни проекти со Бугарија, дел од ова е и Коридорот 8. Ако зборуваме за патната инфраструктура, источниот крак од Скопје до границата со Бугарија чини околу 100 милиони евра, што значи ние даваме енергија и придонес за развој на односите со Бугарија. Практично го рехабилитираме постоечкиот пат, го средуваме експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка, кој ќе биде исто така дел од целиот проект. Значи инвестираме 100 милиони евра во патиштата. Некаде се јавуваат проблеми со експропријација, имаме понекогаш застој, во моментов се откажа една од компаниите изведувачи, па сега преговараме за друга компанија, но ние не сме се откажале никогаш од патната комуникација со Бугарија“, изјави вчера вечерта министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, во контекст на патната инфраструктура кон источниот сосед, што е битно и за подобрување на политичките односи помеѓу двете држави.

За железничката пруга кон Бугарија, која со децении е само проект, рече дека сега конечно тргнуваат подготовките за таа капитална инвестиција.

„Имаме владина одлука да ги споиме делниците од Куманово до Бељаковце, а потоа и до Крива Паланка. Во првиот квартал од 2021 година ќе избереме изведувач за првите две фази, а потоа и за третата фаза од проектот. Ни требаат сериозни компании кои ќе бидат одговорни, затоа што само железничката пруга би чинела 600 милиони евра“, рече Бочварски.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои три професии носат најмногу пари?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои три професии носат најмногу пари?

СРБИТЕ ЗА ОВАА РАБОТА ДОБИВААТ 1.100 ЕВРА: Романците заработуваат 4.000 евра

СРБИТЕ ЗА ОВАА РАБОТА ДОБИВААТ 1.100 ЕВРА: Романците заработуваат 4.000 евра

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: „Мега“, „Рапид Билд“, „Термалифт“ - Кумановски бизниси со најголеми добивки за 2023

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: „Мега“, „Рапид Билд“, „Термалифт“ - Кумановски бизниси со најголеми добивки за 2023

ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?

ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони од продажба на ајфони и андроиди во Македонија?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони од продажба на ајфони и андроиди во Македонија?

ИЗБОР НА ПРОФЕСИЈА: Што кога младите имаат талент за две или повеќе области?

ИЗБОР НА ПРОФЕСИЈА: Што кога младите имаат талент за две или повеќе области?

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании