16 Декември, 2025
0.1468

Во Ре-Медика родено првото бебе од смрзната јајце клетка во Македонија

Објавено во: Мои пари 16 Септември, 2014 12:52

Добивај вести на Viber

Првото бебе од смрзната јајце клетка е родено во Ре-Медика. Приватната општа болница Ре-Медика последните три години ги посвети на имплементирање на постапката за смрзнување и чување на јајце-клетки за ин витро фертилизација. „Нашата посветеност и работа резултираа со раѓањето на првото бебе од смрзната јајце-клетка во Република Македонија. Ре-Медика успешно го усвои и рутинизира методот на криопрезервација со што на пациентите им се даде можноста за чување на јајце-клетки и  нивно подоцнежно  користење за сопствени потреби и за донација“, проф. д-р Глигор Димитров, шеф на оддел гинекологија и акушерство. Новороденчето е женско бебе родено со тежина 3 килограми и 670 грама, 51 сантиметар и напредува одлично. Смрзнатата јајце-клетка беше чувана во софистицирана лабораторија, прва сертифицирана и акредитирана за ИВФ на Балканот во специјални контејнери на температура од -196 степени целзиусови, постигната со течен азот. Замрзнувањето на јајце-клетките е само една од новите методи кои во континуитет се воведени во последните години во Центарот за ин витро фертилизација во Ре-Медика. „Целта ни е да ги следиме и етаблираме сите нови методи кои донесуваат прогрес во решавањето на проблемот со стерилитетот. За тоа ги имаме сите предуслови. Имаме одлично едуциран тим, современа опрема, работиме по современи протоколи. Тоа не прави силни, квалитетни и професионални во решавањето на проблемот на неплодноста. Зголемувањето на бројот на нашите пациенти тоа и го потврдува“, изјави Доц. Д-р Зоран Петановски, шеф на ИВФ во Ре-Медика. Криопрезервацијата на сперматозоиди и ембриони е одамна рутинизирана  постапка со голем процент на преживување, но заради фригилноста на јајце-клетките, нивното смрзнување и преживување по одмрзнувањето претставуваше голем проблем. Сега, со современиот  начин  на смрзнување (витрификација), процентот на преживување на јајце-клетките по одмрзнувањето  достигна високи 90%. Јајце клетката може да биде чувана на ниски температури најмногу до 5 години.

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави