08 Октомври, 2024
0.0270

ВО РЕСТОРАНИТЕ СЕ СЛУЖЕА КОКТЕЛИ СО „РУСКА КРВ“: Русија со учебник ги повикува младите да се приклучат во армијата

Објавено во: Свет 13 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Русија издаде учебник преку кој се охрабруваат учениците да се приклучат на армијата. 

Се вели дека во тој учебник се искривува историјата на војната во Украина и ги охрабрува учениците да војуваат. 

Учебникот е дизајниран за новиот предмет „Основи на домашната безбедност и одбрана“, кој е задолжителен за сите средношколци на возраст од 15 до 18 години во Русија и окупираните територии на Украина. Учениците ќе го посетуваат овој курс еднаш неделно, а беше воведен како замена за „Основи на безбеден живот“. Најверојатно ќе го предаваат поранешни војници. Првиот учебник за новиот предмет насловен „Руската армија во одбрана на татковината“ го објави руската издавачка куќа „Просветителство“.

Во учебникот на 368 страници опишани се „херојските достигнувања на руските војници“ од 13 век до денес. Во делот кој ја опишува актуелната инвазија врз Украина, презентирани се многу невистинити информации кои служат како оправдување за војната.

„Кога имаше државен удар во Киев во 2014 година, новата влада започна акција против сè што е руско. Палеа руски книги, уништуваа споменици, забрануваа руски песни и руски јазик. Во рестораните се служеа коктели со „руска крв“ … Градовите во регионите Луганск и Доњецк, каде што имаше противење на таквата политика, беа бомбардирани со нацистички гранати и ракети“, се наведува во учебникот.

Во него пишува дека украинскиот пристаништен град Мариупол, кој речиси три месеци беше бомбардиран од руските сили, бил уништен за време на борбите со „нацистите“ и „странските платеници“.

Во учебникот „Руската армија во одбрана на татковината“ се наведени потребните документи и линкови до формуларот за пријавување во армија, како и блиските адреси на канцелариите за регрутирање. Нагласени се и воените поволности како бесплатна медицинска нега и осигурување, атрактивна плата и три оброци дневно. Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од две години. 

Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Можеби ќе ве интересира

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

„ЌЕ ДОНЕСЕМЕ МИГРАНТИ ОД БУДИМПЕШТА ВО БРИСЕЛ И ЌЕ ГИ ОСТАВИМЕ ПРЕД КАЦЕЛАРИИТЕ“: Орбан се закани

„ЌЕ ДОНЕСЕМЕ МИГРАНТИ ОД БУДИМПЕШТА ВО БРИСЕЛ И ЌЕ ГИ ОСТАВИМЕ ПРЕД КАЦЕЛАРИИТЕ“: Орбан се закани

ЕВЕ КОИ СЕ ТРИТЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ ЗЕМЈИ ЗА БОГАТАШИТЕ: имаат најатрактивни понуди за „трагачите“ по златна виза

ЕВЕ КОИ СЕ ТРИТЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ ЗЕМЈИ ЗА БОГАТАШИТЕ: имаат најатрактивни понуди за „трагачите“ по златна виза

„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен

„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен

„СЀ ДОДЕКА СУМ НА ВЛАСТ ЌЕ ГО БЛОКИРАМ ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО НАТО“:Сака да ги врати и економските врски со Русија

„СЀ ДОДЕКА СУМ НА ВЛАСТ ЌЕ ГО БЛОКИРАМ ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО НАТО“:Сака да ги врати и економските врски со Русија

КИНЕЗИТЕ ГИ ХАКИРАЛЕ АМЕРИКАНЦИТЕ: Упаднале во системите за прислушување

КИНЕЗИТЕ ГИ ХАКИРАЛЕ АМЕРИКАНЦИТЕ: Упаднале во системите за прислушување

(ВИДЕО) ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ИЗРАЕЛ, ИЗБОДЕНИ ЛУЃЕ НА АВТОБУСКА СТАНИЦА: Еден мртов и осум повредени

(ВИДЕО) ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ИЗРАЕЛ, ИЗБОДЕНИ ЛУЃЕ НА АВТОБУСКА СТАНИЦА: Еден мртов и осум повредени