Во САД и ЕУ се подобрува, во Македонија се влошува - Има ли надеж за зауздување на инфлацијата
Објавено во: Економија 30 Октомври, 2025 09:25
Инфлацијата и растот на трошоците на живот беше во фокусот на многу политички процеси и изборни кампањи во изминатиот период, и речиси секаде низ светот каде имаше промена на власта, токму ветувањата за намалување на цените беа една од главните причини за избор на понудата на политичката опција.
Трамп жестоко го критикуваше Бајден поради инфлацијата по војната во Украина, енергетската криза и нарушените синџири на снабдување со суровини и енергија. Во европски контекст исто така на власт дојдоа повеќе десничарски влади ветувајќи економски промени и стопирање на неконтролираната инфлација. Тој политички бран го „јавна“ и ВМРО-ДПМНЕ кое постојано критикуваше за цените во маркетите додека на власт беше Димитар Ковачевски и СДСМ.

Но, дали новите десничарски влади кои дојдоа на власт во 2024 и 2025 година навистина ги исполнија своите ветувања.
Во Македонија во септември имаме годишен раст на инфлацијата, споредено со претходната година од 4 отсто мерено според Индексот на трошоците на живот. Индексот на цените на мало бележи зголемување од 4.1 % на годишно ниво. Единствено мерено во септември годинава со претходниот месец има намалување на инфлацијата од 0.2 отсто.
Дали паѓаат во вода тврдењата дека инфлацијата е увезена?
За да се направи компаративна анализа се чекаше финалниот извештај од САД, кој доцнеше поради суспендирањето на владините функции додека не се изгласи новиот предлог буџет на Трамп кој е заглавен во американскиот Конгрес.
Според најновите податоци инфлацијата во САД во септември на годишно ниво изнесува 3 отсто, што можеби покажува одредни знаци на успорување, но е под нивото на прогнозата од 2 отсто стапка на раст на инфлацијата на Федералните резерви на САД кои ја водат монетарната политика и контролата над инфлацијата.

Во извештајот на ФЕД главниот аспект беше да се согледа како клучните економски политики на Трамп ќе влијаат врз цените, по речиси една година од неговото владеење. Имено, најголем раст на цените има во секторите кои се поврзани со услуги од мигрантите, а најголемо намалување има на цените на потрошувачката електроника. Стопирањето на миграцијата и политиката на увозни тарифи засега немаат огромно влијание на цените, па така храната и облеката се мининално покачени, што покажува тренд на стабилизација на подолг рок.
Во Европската Унија и во еврозоната годишната стапка на инфлација во септември е 2.6 отсто, што е нешто над поставениот таргет од 2 отсто на Европската централна банка. Сепак, мора да се истакне дека во оваа група има земји каде инфлацијата е драстично зголемена. На пример во Романија во септември годишната стапка на инфлација е дури 8.6 отсто, во Естонија е над 5 отсто, а во Бугарија, Хрватска, Унгарија, Словачка и Латвија е над 4 отсто. Во уште шест европски земји инфлацијата е над 3 отсто.
Најголем удел во растот на инфлацијата во европската зона има благодарение на растот на цените на услугите, храната, алкохолот и тутунот, индустриски добра и енергија.

Централните банки во последниот период направија минимални корекции на каматните стапки, а дополнително намалување се очекува доколку продолжи трендот на предвидлива инфлација.
Х.С.Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




