Во Сингелиќ се трага по шестгодишно дете
Објавено во: Македонија 07 Август, 2016
Се трага по шестгодишно дете во населбата Сингелиќ кое е исчезнато ноќеска во поплавите.
Предходно ја немало и неговата мајка, но таа е пронајдена. Локалните жители и блиските се во потрага по детето.
Според информациите на граѓаните од населбата, детето било на гости во една од куќите зафатени со невремето.
Во поплавите се удавија 21 човек, а има и исчезнати.