Во Скопје ќе се изврши трето прскање против комарци
Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2016
Третиот дел од авионската и терестричната дезинсекција во 2016 година, против возрасни форми на комарци, ќе започне на 25 јуни (авионско) и на 26 јуни (терестрично) на подрачјето на град Скопје.
Аеросолната дезинсекција (авионска) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 25 јуни (сабота) и 26 јуни (недела), во период од 05.30 до 10 часот.
Аеросолната дезинсекција (терестрична) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, ќе се реализира во деновите од 26 до 30 јуни (од недела до четврток), во период од 23 до 4 часот, наредниот ден.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.