17 Декември, 2025
0.0440

ВО ТЕК: Епл претстави два нови Ајфони!

Објавено во: Свет 09 Септември, 2014 19:30

Добивај вести на Viber

Ајфон 6 и Ајфон 6 Плус се двата нови модели на популарниот паметен телефон на Епл, кои се лансираат во овие моменти на пресконференцијата која е во тек. Ајфон 6 е дебел само 6,8 милиметри, а Ајфон 6 плус - 7,1 милиметар. Првиот има екран од 4,7 инчи, а вториот - од 5,5 инчи. И двата модели имаат Ретина ХД екрани - 1334Х750 и 1920Х1080 пиксели. „Ова се најдобрите Ајфони кои некогаш се направени“, рече извршниот директор на Епл, Тим Кук претставувајќи ги телефоните. Тој лансирањето на двата модели го нарече историско за неговата компанија. Освен телефоните, Кук ќе го претстави и новиот производ на Епл - паметниот часовник Ајвоч, за кој се очекува да отвори цел еден нов пазар на часовници со посебни функции. Љубителите на Епл веруваат дека Ајвоч е најдоброто технолошко достигнување кое ќе биде промовирано годинава. Пристигнувањето на новите модели на Ајфон со нетрпение се очекува. Иако тие треба да се најдат во продажба дури кон крајот на месецов, пред најпознатите продавници на Епл во САД уште од сега има луѓе кои нестрпливо чекаат да станат првите сопственици на овие паметни телефони.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави