Во Тетово само 35 отсто излезност, ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ
Објавено во: Македонија 21 Август, 2022 09:07
Државната изборна комисија ги соопшти првичните резултати од изборите за за членови на Советот на Општина Тетово, како и за градоначалник на Центар Жупа и на Маврово-Ростуше. Во Тетово излезноста била 35,31 отсто и имало 651 неважечко ливче.
Според првичните резултати, БЕСА добива вкупно 12 мандати со освоени 9.620 гласа, по што следува ДУИ со 11 мандати и освоени 8.702 гласа, трет е ВМРО-ДПМНЕ со четири мандати и освоени 3.332 гласа, а зад него СДСМ со два мандата и освоени 1.953 гласа. По еден мандат во Советот на Општина Тетово имаат освоено Алтернатива со 1.118 гласа и ДПА со 1058 гласа.
Во Центар Жупа за единствениот кандидат Аријан Ибраим од ДПТМ гласале 3340 гласачи од вкупно 3395 гласачи. Излезноста била 47,46 проценти.
Во Маврово-Ростуше победува кандидатот на СДСМ Медат Кутровски освоил 3266 гласови, а Мевмед Џафери од ВМРО-ДПМНЕ 1935 гласови. Излезноста била 54,24 проценти, а имало 195 неважечки ливчиња.
Рокот за приговори трае до понеделник до 19 часот, додека рокот за сумирање и објавување на резултатите е до вторник до 01 часот.
Можеби ќе ве интересира
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина




