15 Декември, 2025
0.0404

ВО УБИСТВОТО ВО ШТИП БИЛА ВМЕШАНА И ДЕВОЈКА - Обвинителството ќе спроведе истражна постапка против вкупно пет лица, ова се деталите

Објавено во: Македонија 10 Мај, 2025 08:29

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Штип донело Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица, од кои првоосомничениот како директен извршител на кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Останатите четворица се осомничени за – Помагање на сторителот по извршено кривично дело од член 365 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Сите осомничени се турски државјани, од кои тројца имале пријавено престојувалиште во Штип, додека извршителот на убиството и еден од помагачите биле без пријавен престој во државава.

Постои осовано сомнение дека првоосомничениот 21-годишник, на почетокот на месецов во Скопје, од непознато лице за сума од 1.100 евра купил пиштол со калибар од 9мм, со избришани податоци за модел и сериски број.

Потоа со тој пиштол, на 8 мај во вечерните часови, во кафе-бар во Штип, со умисла и од безобѕирна одмазда лишил од живот едно лице, исто така турски државјанин со престој во Штип.

Преку мобилни апликации се договориле со жртвата да се сретнат за наводно да ги надминат долготрајните недоразбирања меѓу нив. Но, по 15-минутен разговор во угостителскиот објект, осомничениот влегол во тоалетот и веднаш излегол, па на вратата која го дели отворениот од затворениот дел од кафулето го извадил пиштолот и испукал неколку куршуми во правец на оштетениот, нанесувајќи му повеќе огнострелни повреди од кои подоцна починал.

Истата вечер, останатите четворица осомничени – тројца мажи и една жена, сите на возраст од 22 до 28 години, му помогнале на сторителот по извршеното кривично дело за кое е запретена казна доживотен затвор.

На точно неутврдена локација во Штип го качиле во автомобил БМВ со кој управувала осомничената девојка и сите заедно се упатиле кон Скопје. Кај наплатната станица Миладиновци на автопатот Штип-Скопје биле пресретнати и запрени од полициска патрола и се дале во бегство, но биле уапсени.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за осомничените.

Фото: Принтскрин МНЕТ телевизија

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење