Водата во Берово е забранета за пиењe
Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2025 20:43
Водата во Берово е забранета за пиење.
Агенцијата за храна и ветеринарство, преку Секторот за инспекциски надзор ПЕ – Берово, денеска донесе решение со кое се забранува користење на водата од водоводната мрежа во Берово за пиење и готвење.
Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ информира дека според решението, водата од јавниот водовод што ја одржува ЈПКР „Услуга“ Берово може да се користи исклучиво како техничка вода, сè додека не се доведе во безбедна состојба и не ги исполнува стандардите за вода за пиење. Забраната е воведена поради отстапувања во физичко-хемиската анализа на водата, односно утврдена зголемена концентрација на манган, што е спротивно на вредностите пропишани со Правилникот за вода за пиење.
На ЈПКР „Услуга“ Берово му е наложено да преземе соодветни мерки за преработка и прочистување на водата со цел нејзино усогласување со стандардите за безбедност.
Општината апелира до граѓаните водата од водоводната мрежа да ја користат само за технички цели, додека лабораториските анализи од акредитирана лабораторија не потврдат дека квалитетот е во границите пропишани со правилникот.
Состојбата ќе трае до добивање на резултати кои ќе ја потврдат исправноста на водата за пиење.
Лани во ноември исто така надлежните забранија да се пие водата во Берово, поради зголемено присуство на манган.foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел
Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија
БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“
СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините
Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон
АКО БИ БИЛ МАНДАТАР, МИЛОШОСКИ БИ ГО СМЕНИЛ ФИЛКОВ: Еве што го налути коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ
Безбеден град почнува само во Скопје, Тетово, Куманово и коридорите 8 и 10
„КОНЕЧНО, СКОПЈЕ ДОБИВА ЛУНА ПАРК“: Почна јавната набавка за проектирање и набавка на новиот забавен парк во градот




