27 Април, 2025
0.0415

ВОЕНИTE КОМАНДАНTИ ПРОТИВ НЕТАНЈАХУ: Најтиражниот израелски весник откри пораки од состанокот на Генералштабот

Објавено во: Свет 12 Август, 2024 12:44

Добивај вести на Viber

Израелскиот весник Yediot Ahronot, најтиражниот во земјата, објави дека се одржал состанок на команданти на 12-тиот кат во зградата на Генералштабот на израелските одбранбени сили (ИДФ) лоциран на периферијата на Тел Авив, каде што тие ја изразиле нивната нетрпеливост и силни критики кон премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Се вели дека фрустрацијата на израелските генерали од Нетанјаху расте од ден на ден.

- Недостигот на политичко-стратешка визија за целите што ги постигнува армијата ги принудува војниците на прекини на акции, некогаш ги има, некогаш ги има, па ваму па пак таму - пишува во написот на Yediot Аhronot што ја пренесува италијанскиот дневен весник „Кориере дела сера“.

Се наведува дека израелските генерали не знаат „дали владата ќе ги врати колониите во Појасот Газа или ќе ја врати територијата на Абу Мазен (палестинскиот претседател Махмуд Абас), не знаат дали следниот фронт ќе биде на север (против Хезболах во Либан) или војната во Појасот Газа ќе продолжи“.

Критиките на сметка на владата стигнаа и до салата каде синоќа одржа состанок владејачката коалиција на Нетанјаху, а премиерот веднаш реагираше.

– Не е точно дека нема директиви и цели за уништување на Хамас и враќање на заложниците во нивните домови – рече Нетанјаху.


Можеби ќе ве интересира

Крај на војната? Макрон објави дека Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот

Крај на војната? Макрон објави дека Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот

Свиркачот Асанж на погребот на папата Франциск, ги засени политичарите од висок калибар

Свиркачот Асанж на погребот на папата Франциск, ги засени политичарите од висок калибар

Погребот на папата Франциск искористен за средби со Трамп

Погребот на папата Франциск искористен за средби со Трамп

(ВО ЖИВО) Последно испраќање на папата Франциск

(ВО ЖИВО) Последно испраќање на папата Франциск

Папата Франциск денес ќе биде испратен во неговата последна резиденција

Папата Франциск денес ќе биде испратен во неговата последна резиденција

НА ВОЗАЧОТ МУ СЕ СЛОШИЛО: Автомобил влета во толпа во Италија, едно лице загина

НА ВОЗАЧОТ МУ СЕ СЛОШИЛО: Автомобил влета во толпа во Италија, едно лице загина

ТРАМП ЗА ДОГОВОРОТ ЗА МИНЕРАЛИ: Доцнат најмалку три недели

ТРАМП ЗА ДОГОВОРОТ ЗА МИНЕРАЛИ: Доцнат најмалку три недели

ИМА САМО ЕДЕН УСЛОВ: Зеленски вели можно е да разговараат со Русија за територии

ИМА САМО ЕДЕН УСЛОВ: Зеленски вели можно е да разговараат со Русија за територии

ЛИСТА НА НАЈСОНЧЕВИ ГРАДОВИ ВО ЕВРОПА: Eдна земја убедливо доминира

ЛИСТА НА НАЈСОНЧЕВИ ГРАДОВИ ВО ЕВРОПА: Eдна земја убедливо доминира