15 Јануари, 2025
0.0296

ВОЈНА СО СМОГОТ: Почнува сезоната!

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Загаденоста на воздухот овој период од годинава, како и секоја претходна година, го вклучи алармот. Мерните станици кои работат, деновиве измерија висока концентрација на штетните ПМ10 честички, во поголемиот дел од скопските населби, но и во другите градови од земјава. Според мерењата, загаденоста е најголема во ноќните часови, кога на мерните станици се регистрирани концентрации од 100 до 250 микрограми на метар квадратен, особено во скопско Лисиче,Центар, Карпош, Гази Баба, Ректорат но и во  Тетово,  Битола, Кавадарци, Миладиновци. Концентрациите на ПМ10 честичките се намалени во утринските часови, но повторно  над дозволените 35 микрограми на метар кубен.Деновиве светската интернет страница Нумбео, која се занимава со квалитетот на животот, ги  рангираше македонските градови како најзагадени во Европа и светот, а дополнително Тетово е прогласен за најзагаден град во светот. Според табелата на Нумбео, просечната дневна концетрација на ПМ 10 честички во воздухот во Тетово изнесуваат 186 микрограми на метар кубен, што  е за речиси 4 пати повеќе од дозволената вредност.Состојбата со загаденоста на воздухот во Македонија се јавува секоја година во овој период. Какви мерки треба да превземат надлежните за дологрочно решавање на овој проблем? Потребни се долгорочни мерки Од еколошките невлaдини организации укажуваат дека се потребни долгорочни мерки а не мерки кои само моментално ќе го санираат проблемот. Еколошките организации порачуваат дека економијата не треба да става пред здравјето на луѓето, а државата не  треба да ги толерира големите загадувачи кога е во прашање воведувањето на еколошките стандарди.   Од невладината “Go green” велат дека клучна системска мерка е зачувавњето и унапредувањето на зеленилото, кое е важно за квалитетен и чист воздух. Посочуваат дека од структурен аспект, потребно е создавање на Фонд за животна средина под надлежност на Министерството за животна средина и со вклученост на еколошките невладини организации, со што ќе се подобри состојбата со животната средина и ќе се придонесе за поголеми инвестиции насочени кон намалување на загадувањето. -Засадувањето нови дрва на местата каде е забележано зголемено присуство на PM10 честичките е системска мерка која има позитивни ефекти, но бидејќи младите дрвја заради малите крошни и површина на листот имаат намален капацитет за прочистување на воздухот, треба да се садат повозрасни дрва кои веќе имаат делумно оформени крошни. Една од попопуларните мерки е и давање бенефиции на приватните инвеститори кои делови од парцелите на кои градат ги претвораат во зелени површини, отворени за јавноста. Постојат голем број на студии кои посочуваат дека зеленилото има позитивни ефекти во однос на намалувањето на азот диоксидот и PM честичките. Планското и наменско садење на зеленило може да го намали присуството на азот диоксид до 40%, додека намалувањето на PM честичките може да достигне 60%. Друга системска мерка е создавање услови за користење велосипеди и развој на алтернативни видови на јавен транспорт. Покрај велосипедскиот превоз, различните видови јавен превоз, се исто така значајна мерка во намалување на загадувањето. Употребата на автомобили може да се намали доколку на граѓаните им се овозможат и други форми на јавен превоз, покрај автобускиот, трамваите и подземните железници, надополнети со мерки кои би го стимулирале користењето јавен превоз наспроти автомобилите, позитивно ќе влијаат на намалувањето на емисиите на суспендирани честички на долг рок .Министерството за животна средина и просторно планирање треба да ја зајакне контролата на возилата при технички преглед и да воведе зголемување на давачките за зголемени емисии од страна на возилата, а средствата од наплатата да се вложуваат во мерки за заштита на животната средина и нејзино унапредување. Исто така, Министерството за внатрешни работи треба да ја преиспита законската регулатива во однос на можноста за издавање на возачка дозвола на лица со полни 16 години. Законот праќа погрешна порака кон младите кои наместо да се стимулираат на физичка активност со користењето на велосипедот и пешачењето, се поттикнуваат на користење на моторни возила кои се едни од главните загадувачи во нашата средина, вели Антонио Јовановски, од еколошката невладина организација  “Go green”. Кој какви мерки треба да превземе? Од министесртвото за животна средина и просторно планирање велат дека во моментов не работат три станици за мерење на квалитетот на воздухот, Мршевци, Куманово и Велес. Оттаму посочуваат дека надлеженостите за спроведување на мерките за намалување на загаденоста на воздухот не се само кај нив, туку и кај локалната власт. Така следниве краткорочни мерки се во надлежност на Градот Скопје: обезбедување на посебен сообраќаен режим за тешките товарни возила чија крајна дестинација не е градот Скопје односно користење на заобиколница, воведување на посебен сообраќаен режим во градот Скопје за патничките возила со исклучок на возилата за специјална намена, односно можност за воведување на пар-непар или пренасочување на сообраќајот по споредни улици избегнувајќи го централното градско подрачје,зголемен инспекциски надзор на индустриските капацитети, намалување на цената на билетот на градскиот превоз во период на неповолни климатски услови, повеќе оавтобуси за јавен превоз, редовно чистење и миење на улиците. И поголемиот дел од среднорочните мерки се во надлежност на Градот Скопје, како гасификација на сите топлани, воведување на алтернативен градски превоз трамвај, метро, користење на хибридни превозни средства и воведување бенефиции за сопствениците на такви возила,  воспоставување на автоматизиран систем на управување со сообраќајот  и друго. Во делот долгорочните мерки спаѓаат: набавка на уште две мониторинг станици, гасификација на Скопје и на целата држава,  акредитација на калибрационата лабораторија со цел инструментите да мерат и покажуваат валидни податоци, активности за подобрување и модернизација на процесите за производство на енергија, активности за воведување на енергетска ефикасност, и други. Градот Скопје за следната година ќе одвои незначителна сума за екологија Но иако поголемиот дел од мерките се во налдежност на Градот Скопје, во градската каса за следната година за заштита на животната средина се планирани околу 600.000 евра, од кои само 40.000 евра се за набавка на калциум-магнезиум-ацетат, со кој ќе се прскаат улиците за да се апсорбираат ПМ10 честичките, а преостанатиот дел од средствата ќе се трошат за изработка на елаборати и студии за животната средина.Но затоа во Нацрт Буџетот градските власти предвиделе да потрошат околу 500.000 евра за пристапни улици околу партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ, нови 3 милиони евра за плоштади и фонтани и половина милион евра за проекти за барокни фасади.На ваквата распределба на парите во градската каса на последната седница на Советот на Град Скопје, реагираа советниците од опозицијата. -Срамно е локалната власт со загадениот воздух, како еден од најгорливите скопски проблеми, да се справува со одржување симболични манифестации и изработки на елаборати и проекти, наместо да се преземат конкретни мерки. Сметаме дека Градот, доколку сака има решение и механизам да го намали загадувањето. Град Скопје треба под итно да ја зголеми ставката во буџетот за заштита на животната средина, односно да испланира пари за конкретни мерки кои би се презеле за заштита на воздухот, изјави Дамјан Манчевски, координатор на СДСМ во градскиот Совет. Од Градот Скопје пак велат дека ќе превземат се што е во нивна надлежност. И следнта година ќе набавиме калциум-магнезиум-ацетат со кој ќе се прскаат улиците и ќе се апсорбираат ПМ-10 честичките. Во меѓувреме се врши гасификација на училиштата, постојано има инспекциски надзор над компаниите дали поседуваат соодветни еко-дозволи, повремено има забрана за сообраќање на товарни возила низ градот, се прават контроли над градилиштата,  изјави Цветанка Икономова, раководител на Секторот за животна средина во Град Скопје. Од невладините велат дека ваквата распределба на буџетот на Град Скопје, покажува дека заштитата на животната средина не е приоритет ниту на Градот ниту на државата воопшто. -Очигледно е дека нема политичка свесност кога станува збор за одржливиот развој и заштитата на животната средина. Тоа се гледа и во оваа распределба на буџетот каде животната средина не е приоритет за развој на Градот и земјата воопшто. Политиката на развиените земји ја става животната средина, одржливиот развој, обновливите извори на енергија и енергетската ефиканост во центарот на долгорочниот развој на земјата и овој пристап е во согласност со долгорочните цели на ЕУ и Обединетите Нации воопшто. На долг рок, индикаторите за успешност на една земја нема да бидат само економски, туку покрај БДП (бруто домашент производ), ќе се евалуира и природниот капитал (квалитет на воздух, почва, вода) за да се одреди вредноста на една земја. Во овој контекст, политичката зрелост треба да се развива во таа насока и таа перспектива да се рефлектира при создавањето на долгорочните стратегии и буџети за развој на земјите. За жал, ова сеуште не е случај со Македонија и моменталниот пристап го деградира природниот капитал на земјата, за сметка на краткорочен или среднорочен економски развој, вели Јовановски. Во последниот извештај на Државниот завод за ревизија насловен како “Ефикасноста на мерките за обезбедување на квалитетот на воздухот во Република Македонија”, а кој се однесува на периодот од 2012 до 2014 година, ревизорите укажуваат дека постои отсуство на редовни мерења на квалитетот на воздухот поради несиправност на дел од мерните станици, не се обезбедени финансиски средства за резервни делови за мерните станици, не е распишан оглас за јавна набавка на резервни делови за мерните станици, отсуство на персонал, лабораториска опрема и дека оценката на квалитетот на воздухот е некомплетна Во еден од своите извештаи Светска банка укажува дека загадувањето на воздухот во Македонија е едно од најголемите во Европа, што исклучително лошо влијае врз здравјето на луѓето.  Во извештајот се нотира дека Македонија има најзагаден воздух во Европа, а земјава е на прво место на листата на банката, кога станува збор за изложеност на граѓаните на загаденост на воздухот со цврсти честички. Веднаш зад нас е Србија, а потоа следуваат Романија, Бугарија и Малта.Дополнително во извештајот е наведено дека Македонија е на петто место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух односно од ПМ10 честичките. Сознанијата на Светска банка, упатуваат на тоа дека цврстите честички се одговорни за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно, но и илјадиници изгубени работни денови – што претставува економски трошок од 253 милиони евра годишно или 3,2% од БДП. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос