Волонтери ќе собираат отпадоци на Средно Водно
Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2016
Движењето за едукација и унапредување на дијалогот ЛЕАД денеска организира акција за чистење на Средно Водно.
Во чистењето ќе се вклучат 15-ина волонтери кои ќе носат маици со слоганот „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“.
Акцијата е со цел да се зголеми свеста кај граѓаните за зачувување и одржување на природата.
Ова не е прва ваква акција, и претходно млади луѓе чистеа на Водно.