17 Декември, 2025
0.0433

ВОНРЕДНА ЕНЕРГЕТСКА СОСТОЈБА: Киев со контра-тужба против Москва за гасот!

Објавено во: Свет 16 Јуни, 2014 13:19

Добивај вести на Viber

Ураинскиот премиер Арсениј Јаценјук има намера да воведе вонредна состојба во сферата на енергетиката, откако Русија одлучи да ја прекине испораката на природен гас за Украина и да воведе авансно плаќање. Јаценјук има наредил на министерствата за енергетика и за правда да подготват предлог-закон за воведување на вонредна состојба во енергетската сфера. Според него, мерката се наметнува, бидејќи „Украина треба да се подготвува за тежок период“. Во меѓувреме, украинската компанија за природен гас „Нафтогас“ возврати со контра-тужба пред Арбитражниот суд во Стокхолм со барање да се воспостави правилна пазарна цена за гасот што Русија и го испорачува на Украина. Претходно, Русија пред истиот суд покрена тужба против Украина за неплатените долгови. Украинската тужба содржи барање да се пресмета колку, заради високите цени, Украина го натплатила гасот испорачан од Русија од 2010 година. Според проценките на украинската компанија, Киев за гас има платено шест милијарди долари отповеќе. Тешки моменти заради спорот за испораката на гас ја очекуваат не само Украина, туку и цела Европа. Еврокомесарот за енергетика Гинтер Етингер предупреди дека ЕУ може да биде исправена пред недостиг на гас оваа зима, откако преговорите за испораките на гасот помеѓу Русија и Украина пропаднаа. “Следните недели нема да се проблем, ќе го добиеме нашиот гас”, изјави Етингер во Виена. Но, ако Украина користи резерви, “ќе имаме проблем со ладна зима”, додаде тој. Украина е решена да ги исполнува обврските за транзит на руски гас за Европа, но во зима може да се појават проблеми со снабдување со гас на ЕУ, ако не бидат пополнети подземните складишта во Украина.    

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави