Вработен во Министерството за одбрана удрил колега и упатил закани по живот
Објавено во: Македонија 15 Мај, 2018 19:10
Во полициската станица во Пробиштип, З.А.(54) вчера попладне пријавил дека околу 14.50 часот во работната просторија во одделението за одбрана при Министерството за одбрана – Пробиштип влегол М.И.(45) од Пробиштип вработен во секторот за туризам и услуги при Министерството за одбрана во која канцеларија се потпишувал дека се има јавено на работа.
Во тој момент М.И. почнал да упатува сериозни закани по животот и телото кон присутните вработени, упатувајки и пцовки, а потоа се упатил кон Г.А.(46) од село Злетово и му удрил една шлаканица. Тој им се заканил на другите колеги. М.И. вакви закани кон вработените упатувал повеќе пати.
Лицето е повикано во Полициска станица, и се врши разговор со него. Се работи на целосно комплетирање на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




