20 Април, 2025
0.0500

ВРАБОТЕН ВО ШУМСКА ПОЛИЦИЈА ФАТЕН СО КРАДЕНИ ДРВА - надлежните велат нелегалната трговија со дрво мора да запре

Објавено во: Македонија 07 Септември, 2024 10:59

Добивај вести на Viber

Вработен во Шумската полиција нелегално превезувал огревно дрво, и бил фатен од екипи на Министерстовот за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) при направени контроли. 

Од МЗШВ информира дека лицето било запрено вчера во кратовско Таласманци, од страна на колеги од Шумската полиција заедно со возилото во кое превезувало огревно дрво во количина од 8,70 м3. 

Станува збор за управувано од лице вработено во Шумска полиција за кое по извршена контрола е утврдено дека е со несоодветни исправи и е одземено.

Настанот, како што информираат од МЗШВ, е регистриран вчера во 15:00 часот во м.в. Дупка, с.Таласманци, кратовско.

- При извршената контрола утврдено е дека лицето Ј.М. кое што управувало со возилото е вработено во Шумска полиција Крива Паланка и воедно е со несоодветни исправи, односно на самата испратница како возач на возилото наведено е друго лице со иницијали М.Ј. Од таа причина од страна на Шумската полиција возилото е привремено одземено и е предадено во ЈПНС Кратово до соодветна понатамошна постапка. Против вработеното лице ќе се спроведе постапка, одговорност за ова ќе има - се вели во соопштението од МЗШВ.

Од МЗШВ, порачуваат дека законот е ист за сите и дека одговорност за ова ќе има, како и дека продолжуваат максимално во стопирање на криминалот и нелегалната трговијата со дрво. 

Можеби ќе ве интересира

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Најискрено се надевам дека Велигден ќе ни донесе утеха, добра мисла и оптимизам

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Најискрено се надевам дека Велигден ќе ни донесе утеха, добра мисла и оптимизам

МИЦКОСКИ: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

МИЦКОСКИ: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА Е ВО ЧИКАГО: Нека овој наш најголем христијански празник ни донесе мир

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА Е ВО ЧИКАГО: Нека овој наш најголем христијански празник ни донесе мир

(ГАЛЕРИЈА) ОБЈАВЕНА Е ВЕСТА ЗА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ: Еве каква беше атмосферата синоќа во Соборниот храм во Скопје

(ГАЛЕРИЈА) ОБЈАВЕНА Е ВЕСТА ЗА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ: Еве каква беше атмосферата синоќа во Соборниот храм во Скопје

ДЕНЕСКА Е ВЕЛИГДЕН, ПОМЛАДИТЕ ОДАТ НА ГОСТИ КАЈ ПОСТАРИТЕ: Кои се другите обичаи?

ДЕНЕСКА Е ВЕЛИГДЕН, ПОМЛАДИТЕ ОДАТ НА ГОСТИ КАЈ ПОСТАРИТЕ: Кои се другите обичаи?

НА ТРПЕЗАТА ИМА ТАЗЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА: Што да се направи со ланското јајце кое прво е вапцано?

НА ТРПЕЗАТА ИМА ТАЗЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА: Што да се направи со ланското јајце кое прво е вапцано?

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА: Верниците го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА: Верниците го слават Велигден

„Секогаш вткаен во македонската музика“: почина Тоше Поп - Симонов, бројни колеги и пријатели се збогуваат со него

„Секогаш вткаен во македонската музика“: почина Тоше Поп - Симонов, бројни колеги и пријатели се збогуваат со него

МАЛОЛЕТНИК БЕСНЕЕЛ СО МОТОЦИКЛ НИЗ ОХРИД - удрил неколку лица, завршил во автомобил и избегал

МАЛОЛЕТНИК БЕСНЕЕЛ СО МОТОЦИКЛ НИЗ ОХРИД - удрил неколку лица, завршил во автомобил и избегал