16 Декември, 2025
0.0473

„ВРЕМЕ Е ДА ГО РАЗБУДИМЕ ПАРТИЗАНСКОТО ВО НАС“: Градоначалникот Максим Димитриевски ги повика Кумановци вечерва на голем протест

Објавено во: Македонија 14 Јули, 2022 11:56

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска одржа прес-конференција на која го најави граѓанскиот марш што вечерва треба да се одржи во Куманово. Во продолжение неговото обраќање во целост:

„Почитувани Кумановци и Кумановки,
Време е да го разбудиме партизанското во нас! Време е да потсетиме кои
сме и од кого потекнуваме!

Време е да се потсетиме и на Карпош, на Шабани, на Димче Еребица и на
многу други наши истакнати борци коишто својот живот го дадоа за
Македонија да имаме држава, народ, среќни граѓани кои заедно живеат во
хармонија. Време е да се потсетиме на нашите корени.

Ве повикувам денеска, масовно да излезете на маршот којшто го организира
граѓанското здружение „За наше Куманово“ и ве повикувам сите без разлика
на своето национално чувство, без разликата на својата партиска,
религиска и било која припадност да бидеме заедно како што сме биле
секогаш досега.

Да го заштитиме тоа што е наше и да упатиме порака кон оваа власт
којашто е одамна однародена, да упатиме порака како кумановчани кои
водат потекло од луѓе револуционери коишто животот го имаат дадено за
нашата држава и нашите народи.

Ве повикувам денеска во 19:30 часот сите заедно овде на крахот од улица
Лењинова, во централното градско подрачје, на градскиот плоштад со еден
мирен, достоинствен, демократски, граѓански марш да упатиме јасни пораки
на власта дека не може да се игра ниту со нашето минато, ниту со нашата
иднина. И самиот марш сите заедно да го завршиме токму овде, на малиот
плоштад споменикот Жена борец каде ќе упатиме заеднички и јасни пораки
до власта - Македонија никогаш не била и нема да дозволиме да биде на
продажба.

Ние сме народ, живееме сите заедно и Македонци, Албанци, Турци, Роми,
Власи, Срби, во ова мултиетничко Куманово и ги штитиме нашите заеднички
вредности кои припаѓаат на сите.

Затоа денеска Куманово ќе маршира и ве очекувам да ни дадете поддршка со
почеток во 19:30 часот. Одиме сите заедно како што оделе нашите предци и
ги дале своите животи за наше Куманово и за наша Македонија!“


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење