Временска прогноза за 15 мај
Објавено во: Македонија 15 Мај, 2018
Времето во Македонија денес ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Попладне, а особено во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, на места со поинтензивни процеси во форма на невреме.
Утринската темепратура ќе се движи од 8 до 14 степени, а дневната од 19 до 28 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во вечерните часови процесите ќе се интензивираат. Максимални температури ќе достигнат до 26 степени.