15 Јануари, 2025
0.0275

Врховниот суд на Индија со ново предупредување до Субрата Рој: долгот да се плати веднаш!

Објавено во: Економија 27 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Врховниот суд во Индија одби да даде дополнително време компниите на Субрата Рој за да си го подмират долгот, пишуваат медиумите во Индија. Првиот човек на правда, Алтамас Кабир, кој претходно го продолжи рокот за наплата од ноември до крајот на првата недела од февруари, одби било какви понатамошни одолговлекувања. "Ако не се враќа износот, како што наложи судот, тогаш немате што повеќе да барате од судот", изјави Кабир, додавајќи дека судот претходно даде пролонгирање на роковите само за да се осигура дека инвеститорите ги добија своите пари назад. Групата Сахара и натаму тврди дека голем дел износот од околу 4,4, милијарди долари веќе бил подмирен и поднесе тужба за клевета во судот против одредени медиуми и новинари. Пред неколку дена индиското регулаторно тело СЕБИ и официјално ги предупреди партнерите и потенцијалните соработници со компаниите на милијардерот Субрата Рој. Медиумите во Индија јавуваат дека регулаторот ги предупредува инвеститорите и јавноста да бидат внимателни во бизнис зделките со оваа групација. “Сите плаќања со Sahara India Real Estate Corp Ltd, Sahara Housing Investment Corp Ltd како и со тројцата директори -Vandana Bhargava, Ashok Roy Choudhary и Ravi Shankar Dubey, да се прават на  сопствен ризик “, посочува регулаторот на пазарот во Индија, СЕБИ. Од компанијата на милијардерот пак тврдат  дека се неправедно обвинети и дека вистината ќе излезе на виделина. “Сите овие случувања се непродуктивни, апсолутно непотребни и залудни. Исто така, за жалење е што без каква било вина на Сахара, компанијата непотребно се соочува со директни и индиректни штети по угледот и во материјална смисла. Сите овие случувања произлегуваат поради одмазда која може да влијае и врз еден милион работници на Сахара Индија Паривар која има максимално придонесено за оживување на стопанството по индиската железница“, велат од компанијата.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања