ЗА 113 АКЦИИ НА НЛБ БАНКА ПЛАТЕНИ НАД 51 ИЛЈАДИ ЕВРА - берзанска блок трансакција
Објавено во: Финансии 18 Септември, 2023 13:16
И акциите на НЛБ Банка, која има доста стабилен странски акционер, се интересни за домашната инвеститорска јавност.
На крајот на минатата недела на берзата поминала блок трансакција со акциите на оваа успешна банка, при што некој продал, а некој купил 113 акции, по цена од 28 илјади денари за акција. Или, вкупната вредност на трансакцијата била над 51 илјади евра, говорат податоците на Берзата.
Со оглед што оваа банка има издадени вкупно 854.061 акции, овој процент акции кој поминал на берзанската блок трансакција е практично минимален.
Инаку, цената од 28 илјади денари за акција на блок трансакцијата, е практично идентична со цената по која акциите на НЛБ Банка се продавале на редовното тргување на Берзата.
Инаку, најголем и доминантен акционер на НЛБ Банка е всушност нејзината фирма мајка Нова Љубљанска банка АД Љубљана, која поседува 86,97 проценти од акциите, и таа е практично единствен акционер кој поседува над 5 проценти.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска




