19 Декември, 2025
0.0559

ЗА 24 ЧАСА: Коронавирусот однесе 10 животи

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Јули, 2020 16:36

Добивај вести на Viber

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 724 тестирања, а регистрирани се 96 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-24, Куманово-6, Штип-24, Прилеп-1, Тетово-7, Струга-9, Битола-1, Охрид-6, Гостивар-4, Струмица-3, Крива Паланка-1, Радовиш-5, Кочани-2, Свети Николе-3.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 61 оздравен пациент од: Скопје-27, Куманово-16, Прилеп-4, Тетово-4, Кавадарци-1, Гевгелија-1, Крива Паланка-3, Кратово-1, Кичево-1, Ресен-3.

Починати се 10 лица, четири пациенти од Скопје, два од Куманово и по еден пациент од Штип, Тетово, Гостивар и Кичево.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 76 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица на возраст од 85,71 и 53 години, а кај 48 годишен пациент вирусот е потврден постмортем.

На Клиника за пулмологија е починат пациент на 79 години, на гастроентерохепатологија пациент на  возраст од 79 години. Во болницата во Битола почина пациент од Кичево на 82 години, во КБ Тетово пациент на 60 години. Во Филип Втори е починат пациент на 62 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9249,  бројката на оздравени пациенти е 4871, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3946. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4297, активни 1880
• Куманово 912, активни 226
• Дебар 173, активни 111
• Штип 606, активни 300
• Прилеп 312, активни 59
• Тетово 951, активни 299
• Струга 370, активни 188
• Велес 206, активни 30
• Битола 89, активни 44
• Охрид 244, активни 129
• Кавадарци 29, активни 17
• Гостивар 298, активни 196
• Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)
• Струмица 31, активни 22
• Крива Паланка 23, активни 9
• Радовиш 23, активни 19
• Крушево 13, активни 8
• Кочани 90, активни 22
• Пробиштип 43, активни 27
• Демир Хисар 15, активни 13
• Македонски Брод 9, активни 5
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 5, активни 2
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 12, активни 7
• Свети Николе 200, активни 185
• Кичево 100, активни 81
• Ресен 140, активни 56
• Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 724 теста се преку: ИЈЗ-444, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -1, Жан Митрев (Филип Втори)-125, Систина со PCR метода -94, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-16, ГАК-43, лаборатории од странство-1. Досега во земјата се направени вкупно 86.543 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 91 пациент. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 позитивни деца, 2 деца и една мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 92 пациент. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 291
• Аеродром - 189
• Бутел - 140
• Гази Баба - 207
• Центар – 162
• Карпош – 168
• Сарај – 115
• Кисела Вода – 148
• Ѓорче Петров – 120
• Студеничани – 107
• Шуто Оризари – 104
• Арачиново – 34
• Илинден – 22
• Петровец – 21
• Чучер Сандево – 14
• Сопиште – 20
• Зелениково- 11
• Странец – 7
• Нераспределен- 0

Можеби ќе ве интересира

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК