16 Декември, 2025
0.0471

За да постигне мир со Курдите, Турција мора да го смени Уставот?

Објавено во: Свет 01 Септември, 2025 19:42

Добивај вести на Viber

Турција за да постигне мир со Курдите мора да го смени Уставот.

Главниот правен советник на турскиот претседател, Мехмет Уџум изјави дека за Турција да тргне на патот кон мирот со Курдската работничка партија (ПКК) ќе мора да го смени Уставот. Но, тој исклучи каков било посебен статус за Курдите.

„Држава на курдскиот народ е Република Турција, Турција е татковина на курдскиот народ … Факт е дека турското државјанство е дефинирано како правен, а не како етнички статус и тоа ќе биде јасно наведено“, посочи Уџум.

Изминатите месеци турските власти одржаа низа состаноци за завршување на четиридеценискиот судир со ПКК, која во мај објави распуштање, а од средината на јули почна да се разоружува.

„Со распуштање на ПКК и нејзиното разоружување, патот сега е отворен за демократски процес“, посочи Уџум.

Прокурдската Партија за еднаквост и демократија на народите (ДЕМ), трета по големина во Парламентот, која посредуваше помеѓу Анкара и затворениот основач на ПКК, Абдула Оџалан, бара подобрување на правата на курдската заедница, која е околу 20 проценти од турското население. Парламентот на Турција формираше меѓупартиска комисија задолжена за подготовки на правната рамка за мировниот процес. Според Уџум, барањата на ДЕМ можат да се решат со нов Устав.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави