За Јанева легитимитетот на некои пратеници е спорен
Објавено во: Македонија 21 Септември, 2016
За специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева легитимитетот на некои пратеници е спорен, затоа што прислушуваните разговори укажуваат на изборни криминали.
Јанева ова денеска го кажа во Собранието каде го презентираше шестмесечниот извештај за работа на СЈО. Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и порача на специјалната јавна обвинителка дека нема да расправаат за нејзините барања додека не го признае легитимитетот на Собранието.
Таа кажа дека не се плаши од прашања и дека има поддршка од поранешниот премиер, Никола Груевски.
„Јас нема да дадам оставка и ќе ја истерам оваа работа до крај. Не се плашам од никој!“- вели Јанева.
Петре Шилегов од СДСМ реагираше затоа што за една година досега се преслушани 12% од околу 500.000 материјали, а се покренати само две обвиненија.