ЗА МАКЕДОНЦИТЕ КОИ СЕ ВАКЦИНИРАА ВО СРБИЈА - и во Врање ќе можат да ја примат бустер дозата, ќе имаат и можност за избор
Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2021 13:58
Одобрено е давање трета бустер доза вакцина против ковид-19 за граѓаните на Република Северна Македонија, соопштија од Здравствениот центар Врање, јави дописникот на МИА од Белград.
Бустер дозата на вакцината против ковид-19 во Србија се дава на сите лица кај кои е завршена примарната вакцинација и од втората доза поминале четири или пет месеци во зависност од типот на вакцината.
Се остава можност лицето кое ќе се вакцинира да го избере типот на вакцината што ќе ја прими како бустер доза.
Според податоците, до средината на октомври околу 12 илјади луѓе од Македонија примиле две дози вакцина во Врање.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




