19 Декември, 2025
0.0565

За секој истрчан километар на своите маратонци, Телеком дава 1.500 денари во хуманитарни цели

Објавено во: Мои пари 17 Април, 2014 19:41

Добивај вести на Viber

Вработени во Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија ќе учествуваат на Скопскиот Wizz Air маратон, што ќе се одржи на 11 мај. Дваесетте вработени во компании од групацијата од Македонија, Црна Гора и Унгарија ќе трчаат со голема мотивација да ја завршат трката, зашто за секој истрчан километар на маратонците компанијата ќе донира по 1.500 денари за дневниот центар за лица со интелектуална попреченост. „Учеството на маратонот не е само лична сатисфакција, туку и голем предизвик, зошто од нашата решителност и издржливост ќе зависи висината на донацијата која ќе ја добијат лицата со интелектуална попреченост. Но, тоа е само мотив повеќе и тимот на Телеком и Т-Мобиле ќе даде сè од себе да стигне до целта", изјави Димитар Ковачевски, директор на комуникации во Македонски Телеком и учесник на маратонот. Деветнаесет од вработените ќе учествуваат во полумаратонот од 21 километар, а еден во маратонот од 42 километри и доколку сите ја завршат трката, вкупната донација ќе изнесува 11.000 евра. Донацијата ќе се реализира преку Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост - ПОРАКА Скопје, што ги застапува правата и интересите на овие лица на територијата на град Скопје. „Дневниот центар на ПОРАКА - Скопје функционира успешно веќе 14 години, но бројот на лицата со интелектуална попреченост е зголемен во изминатите години, а новите простории треба да се адаптираат и реновираат. Со донацијата од Македонски Телеком, ќе се задоволат целосно стандардите за ваков вид на сервисна служба, што е многу важно за квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост", изјави Владо Крстовски, претседател на ПОРАКА - Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза