17 Декември, 2025
0.0550

ЗА СИТЕ ШТО НЕ ЈА ПРОДОЛЖИЛЕ СООБРАЌАЈНАТА ПОВЕЌЕ ОД ДВЕ ГОДИНИ - да го одјават возилото до крајот на годинава, или ќе им се одземат табличките на нивни трошок

Објавено во: Македонија 01 Јули, 2022 12:12

Добивај вести на Viber


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека согласно одредбите од Законот за возила, сите оние кои се водат како сопственици на возила за коишто не ја продолжиле важноста на сообраќајната дозвола повеќе од две години, законски се должни да го одјават своето возило во Министерството за внатрешни работи, односно во регистрационото подрачје каде возилото се води во евиденција.

„Исто така,  согласно пропишаните норми, сопственикот на возилото е должен да го одјави своето возило кај органот што го регистрирал доколку возилото е уништено, односно има статус на искористено возило, согласно прописите за заштита на животната средина; ако возилото е трајно изнесено надвор од територијата на Република Северна Македонија; ако возилото се регистрира во странство поради преселба на сопственикот на возилото или од други причини.
Министерството за внатрешни работи уште еднаш упатува апел до граѓаните – сопственици на ваквата категорија на возила, најдоцна до 31.12.2022 година да ја извршат законската обврска за одјава на возилата, согласно законската процедура.  

Доколку сопственикот на возилото не го одјави своето возило, Министерството за внатрешни работи ќе го избрише од евиденцијата на регистрирани возила и ќе преземе мерки за одземање на регистарските таблички на трошок на сопственикот на возилото“, се вели во соопштението од МВР.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски