За Велигден без плата, протест пред Министерството за култура
Објавено во: Македонија 22 Април, 2025 13:40
Синдикатот на културата денеска одржа протестен совет пред Министерството за култура поради неисплатените плати и како што соопшти, обидите за непочитување на колективните договори. Собирот следуваше откако работниците од културата останаа без мартовската плата за велигденските празници.
- Повод за овој протестен Совет во проширен состав пред Министерството за култура и туризам е ударот врз достоинството на културните работници, ненавремените и јасни насоки за пресметка на плата од Министерството за култура, постојаните обиди за непочитување на колективните договори, што резултираше со доцнење на платите и оставање на вработените во културата за велигденските празници без пари, рекоа од Синдикатот.
„Ние културните, дојдовме кај некултурниот по плата !“,кусо искоментира на социјалните мрежи и Слободан Трендафилов, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, алудирајќи на тоа дека вината е кај министерот.
Министерот за култура Зоран Љутков за време на празничниот викенд им се извини на вработените во ресорот и порача дека проблемот настанал поради усогласување на платите. Тој рече дека доцнењето е поради усогласувањето на платите меѓу сите засегнати без подетално образложение за што станува збор.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




