За Заев нема потреба од предвремени избори, за Мицкоски март следната година е добар датум
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2019
Нема потреба од предвремени избори, и покрај неоснованите повици на опозицијата, рече премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев во интервју за „Детектор“ на Сител.
Според Заев, само откако ќе истече целиот мандат, граѓаните ќе можат да ги искусат придобивките од евроатлантските интеграции.
Нема потреба од предвремени избори, и покрај неоснованите повици на опозицијата. Заев истакна дека откако политичарите ќе ги исполнат ветувањата пред граѓаните, може да има избори.
Лидерот на опозицијата, Кристијан Мицкоски, од друга страна, пак вели дека е свесен оти луѓето се уморни од избори, но рече дека сегашната состојба во земјата бара избори. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека март 2020 година е добар датум за избори.
„Верувам дека штом Европскиот совет ќе одлучи дали Македонија ќе ги започне преговорите за пристапување со ЕУ, што се надевам дека ќе се случи, можеме да формираме официјална влада и потоа да имаме предвремени парламентарни избори во март“, убеден е Мицкоски.