ЗА ЖАЛБАТА НА ВИЛМА РУСКОВСКА ЗА СУСПЕНЗИЈАТА ЌЕ СЕ РЕШАВА ВО СРЕДА - закажана седница на Советот на јавни обвинители
Објавено во: Македонија 22 Август, 2022 14:45
Советот на Јавни обвинители во среда ќе ја разгледува жалбата на шефицата на ОЈО за организиран криминал, Вилма Русковска.
Дека во среда ќе се разгледува жалбата на Русковска беше објавено на веб страната на Советот за јавни обвинители.
Како што е познато, главната обвинителка во Организиран криминал беше суспендирана од главниот републички јавен обвинител Љубомир Јовески. Тој донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривичната пријава од Арафат Муареми од Финансиска полиција.
А, на веб страната на советот пишува дека се свикува шеесет и трета седница на Советот на јавните обвинители на РСМ на ден 24.08.2022 година (среда) со почеток во 10:30 часот.
„За седницата го предлагам следниот дневен ред - Разгледување и решавање по жалбата СОЖ бр.5/22 на јавниот обвинител на ОЈО ГОКК, г-ѓа Вилма Русковска, и Разно“, пишува на веб страницата на Советот на јавни обвинители.
Можеби ќе ве интересира
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина




