19 Декември, 2025
0.0355

ЗА ЗГРАДАТА НА ЕУРОСТАНДАРД ПОНУДЕНИ САМО ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА - се јави само една заинтересирана страна, што ќе реши Собранието на доверители?

Објавено во: Финансии 23 Декември, 2022 07:28

Добивај вести на Viber

Иако се очекуваше од неа да се инкасираат најмалку 10 милиони евра, зградата на Еуростандард банка по се изгледа дека не може да постигне толку висока цена.

Причина за тоа, според сознанијата на Фактор, е дека за зградата има само една заинтересирана страна, која на последното, второ наддавање кое се одржало деновиве, понудила дури и помала сума од онаа што ја понудила на наддавањето пред два месеци.

Или, како што дознава Фактор, ако пред два месеци тој заинтересиран субјект, за кој нашата редакција засега нема сознанија дали станува збор за физичко или за правно лице, односно компанија, нудел за зградата на Еуростандард банка во центарот на градот седум милиони евра, сега, на последното наддавање кое се одржа во вторникот, понудил два милиони евра помалку, или пет милиони евра.

Како што е познато, зградата на Еуростандард е дел од стечајната маса на пропаднатата банка, а од која се очекуваше дека ќе се наплати сериозна сума пари, и со која би се исплатила нова транша на обесштетување на деоверителите правни лица, кои досега имаат земено по една третина од средствата кои им останаа заробени во Еуростандард банка.

Како што веќе пишуваше Фактор, стечајниот управник на банката, Маринко Саздовски, ја имаше огласено за продажба зградата, а наддавањето беше закажано за вторникот оваа недела.

Инаку, проценетата вредност на целиот имот е утврдена на 8,43 милиони евра, при што беше наведено дека наддавањето ќе се врши без одредена почетна цена. Се наведе и дека минималниот износ на наддавањето е 163 илјади евра.

Според огласот, сите заинтересирани страни требаше да го уплатат бараното учество најдоцна до утре четврток. Износот на бараното учество е 10 отсто од проценетата вредност, што е рамно на 843 илјади евра, што значи дека не секој можел да се пријави на наддавањето, бидејќи претходно мора да плати огромна сума на учество.

Дали поради овие или некои други причини, заинтересираната страна која и овој пат сама учествувала на наддавањето, исто како и претходниот пат пред два месеци, сега дополнително ја намалила понудената сума, овој пат на пет милиони евра.

А, како што дознаваме, сумата која минатиот пат ја понудил овој субјект, изнесувала седум милиони евра, но не била прифатена од Собранието на доверители. Во тоа Собрание, пак, сега главниот збор го има Фондот за осигурување на депозити, како најголем доверител, бидејќи Фондот ги исплати сите заштеди до 30 илјади евра, што беше огромна сума на пари, од околу 65 милиони евра. Претходно Фондот се сметаше како доверител од прв ред, но откако на барање на штедачите таа одредба беше дадена на преиспитување кај Уставниот суд и тој пресече во нивна корист, Фондот веќе не е доверител од прв ред и нема предимство при наплатата, но сепак како најголем доверотел го има главниот збор во Собранието на доверители, бидејќи има најголемо побарување сега во стечајната маса, откако сите штедачи физички лица се целосно обесштетени, па остануваат уште фирмите и ФОД. Односно, неговото побарување е многу над 51 отсто во однос на сите други, и со тоа мора да се слуша неговиот збор.

По претходното наддавање пред два месеци, токму Фондот, а со тоа и цело Собрание на доверители ја одбил понудата од седум милиони евра за зградата. Дали сдега би прифатил многу помала понуда од пет милиони, е многу неизвесно, велат нашите извори.

Така што, ако оваа понуда не помине на Собранието, ќе треба да се организира и третто наддавање, а дали и тоа ќе биде успешно, никој не може да биде сигурен.

Како што веќе пишуваше Фактор, од досегашните пари што се собраа од стечајната маса, веќе се обештетени доверителите физички лица, а според нашите сознанија, со по една третина веќе се обештетени и компаниите.

Парите што ќе се земат од зградата се очекува да овозможат натамшно обештетување, што ќе значи дека стечајот на Еуростандард банка, кого на почетокот го следеа многу контроверзи, ќе може да се прогласи за успешен.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани