ЗАБРАНА ЗА ПЕЈЏЕРИ И ТОКИ-ВОКИ НА СИТЕ ЛЕТОВИ: Авиокомпанијата Емирати со ваква одлука по нападите во Либан
Објавено во: Свет 05 Октомври, 2024
Авиокомпанијата „Емирати“ со седиште во Дубаи им забрани на
патниците да носат пејџери и воки-токи на нивните летови откако минатиот месец беа активирани уреди што ги
користеше либанската група Хезболах.
„На сите патници кои патуваат до, од или преку Дубаи им е забрането да носат пејџери и воки-токи во чекиран или рачен багаж“, се вели во соопштението на авиокомпанијата објавена вчера на нејзината веб-страница.
Се додава дека сите забранети предмети ќе ги конфискува полицијата во Дубаи како дел од засилените безбедносни мерки.
Илјадници пејџери и радија користени од членовите на Хезболах експлодираа во септември. Се верува дека Израел е одговорен за нападот, но тој не ја презеде одговорноста.
Нема летови до Ирак и Иран до вторник
Најголемата авиокомпанија на Блискиот Исток, исто така, објави дека летовите кон Ирак и Иран остануваат суспендирани до вторник, а до Јордан ќе бидат обновени во недела. Летовите за Либан ќе останат суспендирани до 15 октомври поради ескалацијата на израелските напади врз Хезбола, вклучително и нападите во близина на аеродромот во Бејрут.
Неколку други авиокомпании, исто така, ги прекинаа летовите кон Бејрут и другите регионални аеродроми поради зголемените тензии.
Фото: EPA
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.