18 Декември, 2025
0.0500

Забрането движење во шума, казна од 1.500 до 3.000 евра

Објавено во: Македонија 30 Март, 2019 08:33

Добивај вести на Viber

Поради раширените шумски пожари, согласно со Законот за шумите од денеска се воведува забрана за движење во шума и шумско земјиште. Забраната ќе трае сè до нејзино отповикување, соопшти вечерва Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Физички лица кои нема да ја почитуваат забраната и ќе бидат затекнати како се движат во шума и шумско земјиште, ќе бидат парично казнети од 1.500 до 2.000 евра.

Забраната не важи за движење во парк-шумата Водно, Гази Баба, како и за организирани тури на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена, националните паркови и заштитените подрачја со посебна намена кои ќе бидат одобрени со дозволи од соодветните субјекти кои стопанисуваат/управуваат со шумите во придружба на нивни претставник.

Забраната не важи за вработените во ЈП „Национални шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (национални паркови, парк-шуми, шуми со специјална намена споменици на природата и сл).

Забраната ја спроведуваат вработените од ЈП „Национални шуми“, субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (национални паркови, парк шуми, шуми со специјална намена споменици на природата и сл) кои вршат дејност заштита, МВР, Шумска полиција, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Државниот инспекторат за животна средина и други инспекторати до слична надлежност.

МЗШВ ги информира сите граѓани дека се забранува палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште, како превентивна мерка за заштита на шумски пожари.

За непочитување на одредбите од Законот за ловството се предвидува глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра за прекршок на физичко лице.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери