Заеднички со Унгарија ќе се бориме против таксата на Бугарија за руски гас
Објавено во: Економија 30 Ноември, 2023
Министерот за економија Крешник бектеши, по работната средба со унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер сијарто, објави дека Македонија и Унгарија координирано ќе настапуваат против дополнителната такса што ја воведе Бугарија на рускиот гас.
Ма состанокот на кој се договори заедничката координација на Македонија и Унгарија за идните чекори за даноците за рускиот гас од Бугарија присуствуваа и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски и директорот на „Номагас“, Бајрам Реџепи.
- Тема на средбата беше данокот на рускиот гас што го постави Република Бугарија Целосно сме посветени на решавање на проблемот со Бугарија да го оданочува рускиот гас и изнаоѓање заедничко решение преку координирана акција на сите засегнати страни. Северна Македонија ги поддржува сите иницијативи за решавање на проблемот.
Се договоривме и за заедничка координација на владите на Северна Македонија и Унгарија за преземање конкретни активности за гарантирање на енергетската безбедност на двете земји и безбедноста на снабдувањето со гас, објави Бектеши.