05 Декември, 2025
0.0291

Заем од 250 милиони евра за Македонија договорен во Токио

Објавено во: Финансии 12 Октомври, 2012 13:43

Добивај вести на Viber

Нов заем од 250 милиони евра идната година ќе земе Македонија, а парите ќе се трошат за сите буџетски потреби, изјавил  во Токио министерот за финансии, Зоран Ставрески -Идната година ќе ни бидат на располагање околу 250 милиони евра, дел од нив од Светската банка, а за останатите оваа меѓународна финансиска институција ќе гарантира кај комерцијалните банки за да добиеме подобри услови за позајмување. Парите ќе ги искористиме за финансирање на сите буџетски потреби идната година“, објаснил министерот по средбите со претставниците на Светска банка и ММФ во Токио. Од министерството најавуваат и дека веќе  се крои буџетот заследната година и дека во него голем дел ќе зафатат капиталните инвестиции. -Се уште не се знае колку точно пари од Буџетот за 2013 ќе бидат одвоени за инфраструктурни проекти, меѓутоа Владата ги има предвид сите препораки од извршниот директор на ММФ, Кристин Лагард, за зголемување на капиталните инвестиции. Идната година дефинитивно повеќе пари ќе се вложат во гасификацијата на земјата, изградбата на патничките и железничките коридори, Луково Поле и неколку други големи инфраструктурни објекти“, изјавил Ставрески.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНАТ ДОБРИ И КВАЛИТЕТНИ ЗИМСКИ ГУМИ? Внимавајте на овие грешки при нивно купување

КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНАТ ДОБРИ И КВАЛИТЕТНИ ЗИМСКИ ГУМИ? Внимавајте на овие грешки при нивно купување

Новогодишните елки поскапени – најмногу барани моделите до 2 метри

Новогодишните елки поскапени – најмногу барани моделите до 2 метри