25 Април, 2025
0.1038

Заев: Дел од лицата што го предизвикаа инцидентот во Крушево, беа и во Собранието на 27 април

Објавено во: Македонија 04 Август, 2018 09:19

Добивај вести на Viber

Околу педесетина лица, кои и претходно и се познати на полицијата, а дел од нив учествувале и во нападот во Собранието од 27 април минатата година, е поврзана со инцидентот за прославата на Мечкин Камен. Дел од нив извикуваа навредливи зборови кон припадниците на албанската етничка заедница и фрлаа со предмети кон владината делегација и странските дипломати.

Министерството за внатрешни работи имало сознанија дека се можни групирања и тенденциозни дејствувања на одредени групи со намера нарушување на јавниот ред и мир и реагирале соодветно на задачата. За тоа бил информиран и премиерот Зоран Заев, кој за време на одбележувањето на Илинден и во Пелинце и во Благоевград беше придружуван од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Однапред знавме дека е можно да се случи такво нешто и порано имало такви дофрлувања од ваквите радикални структури на Мечкин Камен и од МВР беа преземени сите неопходни дејства. Полицијата беше соодветно распоредена и во делот на униформите и во цивилните лица. Ако се одеше понатаму можеше да биде претенциозно и да се остави погрешен впечакот. Нема пропусти од страна на полицијата“, истакна премиерот вчера во интервју за 1ТВ.

Според Заев, дел од лицата што го предизвикаа инцидентот во Крушево биле и во Собранието на 27 април. Тоа е мала група, оцени Заев, од 50-на лица, исфрустрирани и мотивирани од некого да праќаат некакви пораки, но не се приврзаници на големите политички партии, зашто во последно време го плукаат и ВМРО-ДПМНЕ, а и физички се насилни. Сепак, смета Заев, овие луѓе имаат одредена цел.

Заев истакна дека мотивот на ваквите обиди за ширење говор на омраза се крие желбата за амнестија и бегање од одговорност за одредени поединци. „Свесен сум дека децениската неодговорност што повеќе не се толерира, продуцира вакви напливи кај поединци. Институциите будно следат и работат и ќе постапуваат без разлика на кого се однесува“, кажа Заев.


МВР вчера соопшти дека ангажирало 180 припадници на униформираната полиција, 70 полициски службеници во цивилна облека, 120 припадници на Одделот за специјални полициски операции и 10 полициски службеници од Одделот за заштита на одредени личности и објекти. Дополнително, за обезбедување на внатрешниот параметар на патеката по која се движеа делегациите биле ангажирани и припадници на Посебните единици на полицијата, од кои 30 во цивилна облека, а 10 во полициска униформа. Во текот на движењето на владината делегација имало обиди за приближување на одредени групи и нарушување на безбедниот периметар на движење, кои заради реакцијата на припадниците на полициските сили беа оневозможени. Во два наврата кон делегацијата биле фрлени и пластични шишиња, но биле одбиени од припадниците на МВР. За време на движењето, кон делегацијата биле упатени и вербални напади, како и зборови со говор на омраза.

МВР идентификувала некои од учесниците во Крушево и истите биле повикани на разговор во полициски станици, а откако ќе заврши истрагата случајот ќе биде предаден до надлежното обвинителство.

Исто така министерството за одбрана, пак формира Комисија со цел покренување постапка против професионалниот војник Мартин Богоевски, кој е препознаен на видео снимка од инцидентот на Мечкин Камен.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДИ СУДЕЊЕ: Одобрено обвинението против возачот кој ја прегази Фросина Кулакова

СЛЕДИ СУДЕЊЕ: Одобрено обвинението против возачот кој ја прегази Фросина Кулакова

„ВИСТИНАТА Е КАКО ШИЛО, ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПОВРШИНА“: Поранешната прва антикорупционерка вели дека многу и е тешко

„ВИСТИНАТА Е КАКО ШИЛО, ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПОВРШИНА“: Поранешната прва антикорупционерка вели дека многу и е тешко

Премиерот живее во близина, а не гледа: „Дива“ улица излегува директно на пешачки премин

Премиерот живее во близина, а не гледа: „Дива“ улица излегува директно на пешачки премин

Уапсен 19-годишен насилник од Кисела Вода, нападнал граѓани со бехатон плочки

Уапсен 19-годишен насилник од Кисела Вода, нападнал граѓани со бехатон плочки

ЛЕВИЦА: И таткото на Тошковски бил дел од бизнисот со мито за инвалидски пензии

ЛЕВИЦА: И таткото на Тошковски бил дел од бизнисот со мито за инвалидски пензии

„НИТУ ЕДЕН БИЗНИСМЕН НЕ СЕ ОДЗВАЛ НА ПОКАНАТА ДА УЧЕСТВУВА НА АУКЦИЈАТА НА 26 АПРИЛ“: Се потешко оди собирањето средства за настраданите и повредените од Кочани

„НИТУ ЕДЕН БИЗНИСМЕН НЕ СЕ ОДЗВАЛ НА ПОКАНАТА ДА УЧЕСТВУВА НА АУКЦИЈАТА НА 26 АПРИЛ“: Се потешко оди собирањето средства за настраданите и повредените од Кочани

НИТ СЕ ЈАВИЛА ВРЕСКАЈЌИ, НИТ ИСЧЕЗНАЛА: „Веста дека сум исчезнала е лажна!“, се огласи Симона

НИТ СЕ ЈАВИЛА ВРЕСКАЈЌИ, НИТ ИСЧЕЗНАЛА: „Веста дека сум исчезнала е лажна!“, се огласи Симона

СЕЛЕКТИРАЊЕ НА ОТПАД: Чекор за заштита на природата, но и можност нешто да се заработи

СЕЛЕКТИРАЊЕ НА ОТПАД: Чекор за заштита на природата, но и можност нешто да се заработи

„ДКСК БЕШЕ СИНОНИМ ЗА НАДЕЖ, ИНТЕГРИТЕТ, СВЕТЛА ТОЧКА И ОСТРОВ НА ИНТЕГРИТЕТ“: Никола Димитров за претседателката на антикорупциска

„ДКСК БЕШЕ СИНОНИМ ЗА НАДЕЖ, ИНТЕГРИТЕТ, СВЕТЛА ТОЧКА И ОСТРОВ НА ИНТЕГРИТЕТ“: Никола Димитров за претседателката на антикорупциска