Заев: Денови се во прашање, а ставовите се доближени
Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2017 21:11
По завршување на средбата во Мала Речица со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека ставовите ќе ги пренесе на своите работни групи, а истото ќе го направи и Ахмети.
Заев верува дека тоа ќе го олесни процесот на преговарање. Вели дека денови се во прашање, а ставовите се доближени.
„Одредени разлики, да, ги надминавме. Желбата е и на ДУИ и на СДСМ да добиеме уставни решенија во функција на новиот закон, којшто треба да се донесе за употреба на јазиците. Тоа значи дека не треба да си дозволиме ништо што е надвор од Уставот, за да сето друго што е уставно падне во вода. Зошто, кој има корист од таквата работа? На крајот ако останат дури и отворени одредени прашања, не завршува денот на преговорите сега“ - изјави Заев.
Ако е практична потреба на граѓаните, расправа може да има и понатаму. Заев ден поскоро ги очекува потписите за добивање на мандат и формирање на Влада. Тој вели дека дебати ќе се отворат за оние прашања кои се сметаат дека се тегоба или проблем.
Можеби ќе ве интересира
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги




