Заев: Десет отсто пратеници се позитивни или во самоизолација заедно со нивни блиски
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2020 13:23
Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција по седницата на Советот за безбедност кај претседателот Стево пендаровски рече дека го плаши евентуалната нефункционалност во индина на Собранието, затоа што, како што вели тој, во моментов повеќе од 10 отсто од пратениците за позитивни или во самоизолација, или пак нивни блиски се заболени од Ковид-19.
- Мене ме плаши неотворената можност за онлајн работењето на Собранието , иако тоа функционира. Како што имам информации, иако може не се точни, до сега од конституирањето на парламентот па до денес, имаме повеќе од 10 отсто заболени или во самоизолација членови на Собранието или нивните најблиски, а допрва доаѓа крајот на есента и почетокот на зимата, рече Заев пред медиумите.
Тој рече дека сепак во моментов Собранието функционира и со непосредно работење и дека вчера е донесен, според него, еден од најважните закони за задолжување кај Светската банка, а најави дека за брзо ќе биде изгласан и ребалансот на буџетот во Законодавниот дом.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




