Заев гостин на бугарската телевизија: Најважно е да не бидеме посрамотени
Објавено во: Македонија 26 Април, 2018 07:47
Премиерот на Македонија, Зоран Заев, гостуваше во бугарската национална телевизија, каде што изјави дека во спорот со Грција не се прифаќа има кое единствено би можело да го посрамоти македонскиот народ.
На прашањето дали има опција за името, кое категорично не е прифатливо за државава, Заев вели: „Ако погледнеме историски каде била оваа историска Македонија, има еден дел во Бугарија. Има дел во Грција! Ние сме само еден дел. И ова е факт – ние сме горниот дел, северниот дел, Вардарскиот дел. Многу е важно дома да не бидеме обезличени. Да не бидеме посрамотени. Кога влеговте во оваа зграда, надвор пишуваше „Владата на Република Македонија“. Не сакаме да ни се наложи ова да се менува“. вели Заев.
На прашањето дали разговарал со некој од бугарските колеги во врска со евентуално ново име на земјата, Заев рекол:
„Не. Мислам дека иако имаше некои јавни изјави, конечно стана јасно дека, во суштина, тоа и не е важно. Ние делот на оваа историска Македонија, која е во Бугарија, го признаваме како бугарски дел и тука нема никакви дилеми. Ние го нарекуваме Пирински дел, зашто Пирин е најголемата планина, но таму живеат граѓани на Бугарија, од кои некои се чувствуваат Македонци и тоа е нивно право. И немаме таков проблем“, рекол премиерот Зоран Заев во интервју за БТВ.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето




