29 Јуни, 2024
0.0282

Заев и Хоџа пошумуваа во Теново

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Акција за пошумување денеска имаше во тетовско Теново. 

Премиерот Зоран Заев, учествуваше во засадувањето со садници како дел од вонредната програма на Јавното претпријатие „Национални шуми“ која има за цел да ги санира штетите од пожарите.  Во атарот на селото Теново, во Општина Брвеница, премиерот Заев, придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и од директорката на ЈП „Национални шуми“ Јулиана Николова, истакна дека со почетокот на поволните временски и сезонски услови започнаа активностите за успешна реализација на оваа програма.

„Со интензивното спроведување на програмата за пошумување ќе ги обновиме зелените површини, а со тоа ќе се допринесе и за подобрување на состојбата на земјиштето, за намалување или сопирање на ерозивните процеси. Владата ќе го следи активно овој процес и во секој момент, доколку се покаже за потребно, ќе учествува во дополнување на програмата на Јавното претпријатие „Национални шуми“ за посеопфатна и целосно успешна реализација на пошумувањето“, нагласи Заев.

Заев додаде дека ова е почеток на исполнување на нашата обврска и грижа за поддршка на процесите на пошумување на обесшумените површини и за зголемувањето на зелените површини кои се од огромно значење за зачувување на биодиверзитетот, за здравјето на населението, и за ублажување на ерозивните процеси и поплавите.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа истакна дека министерството го следи европскиот тренд кој е насочен кон еколошки мерки, користење на енергија од обновливи извори и рационално користење на природните ресурси како и нивно континуирано обновување.

„Грижата за шумскиот фонд, одгледувањето и рационалното користење, спречувањето на дивата и непланска сеча на шумите, обезбедува нивно трајно зачувување во насока на одржлив развој и унапредување на животната средина. Со денешниот симболичен почеток на пошумувањето овде во село Теново, означуваме почеток на сезоната на пошумување. Во периодот кој следи, ќе се пошумуваат и други локации согласно планот кој Национални шуми го изготвија во соработката со Владата“, посочи  Хоџа.

Директорката на ЈП „Национални шуми“ Јулиана Николова во својата изјава истакна дека садниците за пошумување се од домашно производство и ги исполнуваат потребните стандарди за успешно пошумување со цел обновување на овој наш важен природен ресурс, на сите површини кои во минатото биле деградирани, опожарени или зафатени со процесите на ерозија.

Можеби ќе ве интересира

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ