Заев: Jас сум тој што ги чека потписите, ама Уставот не го чепкаме
Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2017
Заврши средбата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Мала Речица.
Заев децидно одговори дека Уставот нема да се менува.
„Желбата на СДСМ е да добиеме
уставни решенија за употреба на
решенијата. Не треба да дозволиме
нешто што е надвор од Уставот. Ако
имаме разлики, ќе го одложиме за 6
месеци и ќе имаме јавна дебата за
граѓаните да одлучат“ - кажа Заев.
Вели дека лидерската средба ќе се случела порано, но им требале мислења и од експертите затоа што сакале добри закони.
„Многу често експертите од СДСМ и од ДУИ седнуваат заедно. Уште вечерва ќе ги пренесам на работната група деталите за да може да продолжат со разговорите. На крајот или ќе има или ќе нема потписи. Јас сум тој што ги чека потписите, ама Уставот не го чепкаме во никој случај. Прилично сме блиску до договор“ - рече Заев.
Тој кажа дека се согласиле за
рамноправна распределба на буџетите за
сите општини во државата. Заев е оптимист дека преговорите ќе завршат позитивно. Вели дека не е целта само да се напишат закони и текстови, туку треба тие да го видат светлото на денот.
Средбата во Мала Речица траеше три часа.