15 Декември, 2025
0.1279

Заев кај Борисов по Нова Година: Гоце Делчев и учебниците на „менито“

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2019 12:45

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев ќе оди во Софија во првите денови од новата 2020 година. Иако од 2 јануари веќе нема да е претседател на Владата, затоа што ќе се формира техничка Влада пред изборите, Заев со бугарскиот премиер Бојко Борисов планира да разговара за развојот на разговорите на мешовитата македонско– бугарска комисија за историски и образовни прашања. На крајот на ноември на состанокот во Бугарија членовите на оваа комисија од двете страни не успеаја да ги усогласат ставовите околу клучните прашања – за Гоце Делчев, но и за средновековната историја во учебниците.

Извори од Владата брифираат дека Заев планира да замине во Софија приватно во посета на неговата ќерка која студира во Софија, но патувањето ќе го искористи и да се види со Борисов. Можно е на таа средба која ќе биде со понеформален карактер да присуствува и некој од министрите во Владата, односно најверојатно Никола Димитров, министерот за надворешни работи.

Заев и вчера беше со Борисов на носачот на авиони Хари С.Труман, но таму се виделе кратко и не разговарале за други теми, освен за НАТО случувањата.

На средбата во Софија веднаш по Нова година се очекува двајцата  да се обидат да издејствуваат во иднина да се одблокира работата на комисијата и да се постигне договор.

Последниот состанок на оваа комиисја беше на крај на ноември во Софија кога и во двата дена не се постигна некој напредок во преговорите - ниту за чествувањето за Гоце Делчев, ниту за средновековната историја во учебниците.

„Нема согласност за средниот век во учебниците по историја. Разликата е во несогласувањето дека имаме заедничка историја и не гледам како ќе постигнеме согласност за учебниците од двете земји. За средновековието големото несогласување со нашите колеги е дека во 9 век кога поголемиот дел од географската територија Македонија стана неразделен  дел од бугарската територија се формира бугарската националност и тоа „тераше“ два века понатаму. Тоа нашите колеги не сакаат да го прифатат“, изјави Ангел Димитров во заедничкото гостување со Драги Ѓорѓиев, двајцата копретседатели на Комисијата за Бугарската национална телевизија.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење