29 Јуни, 2024
0.0300

ЗАЕВ КАЖА ДЕКА ИДЕЈАТА ЗА АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ ДОШЛА ОД ГРАЃАНИ, И ВЛЕГЛА ВО ПРОГРАМА НА ДУИ - за ова ќе одлучи мнозинството, а тоа видливо не е среќно

Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека идејата за четиричасовно работно време на администрацијата во петок дошка од група граѓани, која потоа била преточена во програма на нивниот коалиционен партнер, најверојатно ДУИ, иако не го спомена конкретно. Тој лично смета дека тоа не е добра идеја. Нагласува дека Владата деновиве го видела и слушнала видното незадоволство од граѓаните од овој предлог, и како што вели, предлогот е на ЕНЕР, токму за да се слушнат ставовите на граѓаните. 

Ги знаете моите ставови и за севкупната продуктиувност на населението, и за севкупната ефикасност и продуктивност на администрацијата. Јас јавно зборувам за овие прашања. Прво, како народ треба повеќе да работиме, а не помалку. Но, како ветување предизборно на политичклите партиципиенти во власта, тој нацрт закон сега е ставен на ЕНЕР, и допрва се отворта дискусија за ова прашање, и јас верувам дека граѓаните ќе си го кажат тоа што е реалноста во државата. А реаслноста е, прво, ако сакаме сите тука швајцарски плати, треба да работиме многу повеќе од таа што денеска го правиме, и тоа сите, јас тоа го кажувам почнувајќи од себе, па секако, за сите работници, и во приватниот и во јавниот сектор“, рече Заев.

Вториот дел, според премиерот, е дека ефикасноста на јавната администрација е сриозен фокус на Владата. 

„Видовме дека функционира целиот систем и со дојдени на работа 37 до 38 отсто од административците за време на брановите на пандемијата. Функционираше системот, и тоа го знаеме сите, се е транспарентно, се се знае. Тоа само по себе кажува дека веќе постојните капацитети на администрацијата мора да бидат максимално искористени во таа полза, и тоа треба да се случува, тоа е очекувањето на граѓаните. Но, кога имате нешто отворено на ЕНЕР системот, несоодветно е премиерот да каже кои се очекувањата на граѓаните, туку токму граѓаните да си ги кажат своите очекувања. Владата внимателно слуша, и верувам дека сите заедно ќе ги следиме тие очекувања на граѓаните“, нагласи премиерот. 

Негов впечаток, како што објасни, е дека граѓаните очекуваат, прво, администрацијата која што ја плаќаат, да работи поефикасно, а не помалку. 

„Но, кога доаѓаат барањата од граѓаните впишани во одредени програми и мерки, должност е ние да ги претставиме пред народот, и тој да се изјасни. Инаку, од 165 илјади вработени во јавниот сектор во 2016 година, сега е 132 илјади. Фала богу, кончно ги собравме, на институциите им се закануваа казни ако не ги дададт податоците и тие ги дадоа. Инаку, од тие 132 илјади, најголем дел се во јавните државни или општински комунални претпријатија. Така што, без полицијата во униформа, здравствените работници и без Армијата, вкупно околу 15 илјади луѓе работат во министерствата како јавна администрација. Но, многу работат во енергетските компании, железничките компании, патишта, водоводи“, нагласи заев. 

Призна дека треба да се направи дополнителна рационализација на администрацијата и вели дека власта работи на тоа. 

„Законот за фиксно пензионирање е донесен а стапува на сила од први јули 2022 година има за цел да доведе до наамлувањсе на над 10 отсто од администрацијатра, а ќе се пополнат места на учителки, наставници и сл, а во јавните претпоријатија или администрација, луѓе ќе заминат во пензија без да се пополнуваат испразнетите места. Значи една од најкрупните реформи е ефикасна и рационална администрација“, нагласи Заев.

И тој е свесен дека оваа идеја лошо ќе се одрази врз приватниот сектор, но, како што тврди, тој е само еден од партиципиентите. 

„Но, сега нацрт законот е пуштен на ЕНЕР, нека се изјаснат граѓаните, а ќе се изјаснат граѓаните, првиот филинг е на народот. Навистина, меѓу 42 и 47 отсто е нашата вкупна продуктивност, на сите вработени, во споредба со ЕУ. Тоа значи дека сите треба двојно повеќе да работиме. А како што знаеме, за ефикасноста на администрацијата има голема замерка од граѓаните, и таа мора да биде отстранета, односно секој да го работи своето осумчасовно работно време, да не чекаат предметите, затоа се отворија тгочките на едношалтерските системи, затоа одиме со дигитализација, за да ја зголемиме ефикасноста и за да има потранспарентен одговор кога затајува администрацијата“, објасни премиерот.

Како што е познато, огромни реакции со шокираност, неодобрување, па дури и потсмев, се појавија на социјалните мрежи во врска со оваа намера. Премиерот смета дека со тоа власта не би можела да ги добие гласовите на административците. 

Јас мислам дека со тоа не се добиваат гласови. Кога собиртате идеи за пред избори, граѓаните даваат различни идеи, од една до друга крајност. И кога ги прифаќате и ставате во програма, ги нудите на одлучување преку ЕНЕР. Имаме одличен систем, преку ЕНЕР, преку социјалните мрежи и преку медиумите, да се каже за тие идеи. Неговото височество граѓанинот дал идеи, и тие е должност да ги претставиме. Но, не значи дека сите идеи се прифатливи за мнозинството граѓани. Има процеси кои дури и почнале со реализаци, па сме ги откажале, заради реакцијата на граѓаните. Или процеси кои граѓаните ги ставиле во програмите, но ќе одлучи мнозинството. А за оваа идеја гледам видливо мнозинство кое не е баш така среќно, и ако е така, ќе се слушнат реакциите. Ова се придобивките од демократијата. Ние како Влада покажуваме една разумност во слушањето на луѓето. Дури и кога тие идеи дошле од граѓани кои се очигледно малцинство и кои веруваат дека петок треба да биде со скратено работно време. Јас лично мислам дека граѓаните се тие кои кажуваат што е најдобро за сите нив“, рече премиерот Заев.

Како што е познато, 36 часа работно време во неделата, или четиричаса во петоците, е во нацрт законот за административни службеници, кој го подфготви МИОА, чии министер Јатон Шаќири е од редовите на ДУИ.   

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ