Заев му ја исполни желбата на Амди Бајрам
Објавено во: Македонија 16 Мај, 2018 07:49
Амди Бајрам ја прекина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ откако партијата замина во опозиција.
Тогаш Бајрам и изрази желба да премине во парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и премиерот Зоран Заев, а се чини оваа негова желба веќе станува реалност.
Вчера официјално е потврдено дека Амди Бајрам ќе влезе во Владата на Заев.
„Каде е народот, таму сум и јас. Морам да мислам на Ромите, ние не сме силен народ, и никогаш не сум криел дека јас сум секогаш со власта. Нема место за глума или фолирање, ние сме секогаш со победниците, со оние на кои мнозинството им ја дало довербата“, кажа Амди во изјава за дел од медиумите.
Покрај него влезот во Владата Заев им го отвори и на Африм Гаши и Мендух Тачи.
Со овој потег премиерот всушност им прости на некогашните политички опоненти Тачи и Бајрам кои со години го критикуваа, дури и претерано исмејуваа во изјавите лично првиот човек на Владата.
Со влезот на ДПА и БЕСА во власта, парламентарното мнозинство ќе добие пет пратеници плус, а премиерот ќе може да смета на вкупно 67 пратенички гласа.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




