15 Декември, 2025
0.0305

ЗАЕВ: Најмногу се изгоревме со поддршката за Рамиз Мерко

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2020 12:09

Добивај вести на Viber

Претседателот на СДСМ Зоран Заев вели дека жали што на локалните избори поддржале некои кандидати на ДУИ. Тој го посочува градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко како личност за која се „изгореле“ со поддршката.

Заев во неделното интервју на Радио Слободна Европа зборува и за можните коалиции по избори, за справувањето со корона-кризата, за начинот на кој ќе се одвива образовниот процес. Како најголемо разочарување од својата власт ги посочува дел од администрацијата за која вели дека е кочничар и правосудството.

На прашањето за кого од функционерите на ДУИ најмногу жали што им дале поддршка, тој вели. 

„Господинот Мерко. Жалам. Еве зошто жалам. Едноставно е. Може градоначалникот на Охрид да постапува, тоа не е така пријатна надлежност на општините, во Струга не се постапува. Јас сум пријател со градоначалниците, соработував како премиер, помогнавме со 50 милиони евра, со илјадници проекти насекаде, тоа е заедничка наша земја и така треба да се развиваат општините. Но заедно треба да ги преземаме и обврските. Успеавме со Беса да изградиме програма, заедничко концепт во кој веруваме. Концепт на реформи, на економијата, на кревање на стандардот, европеизацијата низ поглавјата и слично“, рече Заев.

Тој истакна дека коалицијата со ДУИ после парламентарните избори во 2016 година била нужност поради освоените мандати, но, како што рече, нема да биде така после претстојните избори.

„49 пратеници добивме после бомбите, после откривањето на целиот криминал и запустеност во државата и опција освен со ДУИ да се направи мнозинство немаше, другите партии беа со 5, 3, 2 пратеници… Веќе нема како резултатите да не упатат на коалиција со ДУИ, зашто веќе ДУИ и најголемиот нивни опонент – Алијанса за Албанците со Алтерантива, се блиску со маданти. Дури и да има разлика од 2-3 плус минус мандати меѓу нив, тогаш ни даваат опција да избираме“, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“