ЗАЕВ ПОТВРДИ: Доста е од играта на нерви, избори ќе има на 15 јули, тоа е прифатливо и за Мицкоски
Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2020 15:13
Избори ќе има на 15 јули. Ова денеска го потврди лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој нагласи дека овој датум е прифатлив и за ВМРО-ДПМНЕ, за што веќе разговарал и со првиот човек на на партијата, Христијан Мицкоски.
„Свесни сме дека се наоѓаме во комлициран момент, мора да направиме важни чекори. СДСМ е носител на одговорна власт, треба да направиме се да обезбедиме институции со полн капацитет. Ни треба активно Собрание и функционална политичка Влада. Треба да заврши оваа игра на нерви во која страдаат и граѓаните. СДСМ и овој пат ја покажува својата големина, за да не страда народот, го заклучуваме 15 јули, како конечен и единствен датум за избори. Разговарав со Мицковски и тој ми потврди дека ќе учествува на избори на 15 јули. Среда ќе биде неработен ден за сите граѓани. Ова е за да ја спасиме државата. Понеделник и вторник ќе гласаат болни и изнемоштени, како и позитивни на корона, оние во самоизолација и хронично болни“, рече на пресконференцијата Зоран Заев.
Тој рече дека праќа порака до Мицковски, дека одговорноста пред народот е голема.
„Одговорност е како политичар да обезбедиш за граѓаните институции кои ќе функционираат со полн капацитет“, рече Заев.
Ниту еден политичар, според него, не смее да си игра со својот народ, а овој договор ќе обезбеди спас на државата.
Среда, кога ќе се гласа, ќе биде прогласена за неработен ден. Ќе се гласа до 21 часот, за да се заштитат граѓаните, односно поради здравствените протоколи и заштитните мерки.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите




