16 Ноември, 2024
0.0292

ЗАЕВ СО ОСТРА ПОРАКА ДО ПАУНОВСКИ: Тој е доста гласен, одлуките за рамковно вработените треба да се спроведат

Објавено во: Економија 22 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Откако директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, преку Фактор порача дека по ниедна цена нема да го потпише решението за примање на 35 „рамковно вработени“, бидејќи не се соодветни за неговата институција, премиерот Зоран Заев упати порака дека директорите не треба да правцат опструкции. 

„Сакам да истакнам порака до сите оние директори што прават отпор, да не прават отпор. Зошто имаат потреба реално, а тоа се наши граѓани и секој ја има шанса чесно да ја работи својата работа односно да работи. Ако не му се работи дали тие што ги преземаат сега или се досега вработени да им се заблагодариме да си одат дома. Така да испраќам порака пред се до директорот на Државниот пазарен инспекторат којшто е доста гласен, треба да ги спроведеме одлуките или да кажеме зошто не се спроведуваат, а не да водиме, така да кажам, јавна војна преку медиумите едни со други. Тоа не ни треба, зошто ова е нешто што народот го очекува од нас“, рече денеска премиерот Заев.

Тој очекува во наредниот период, за 15-20 дена да се најде решение за преостанатите 350 вработени во јавната администрација кои со години не одат на работа, а земаат плата. Таа обврска му е доделена на потпретседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, кој како што рече Заев „си го зема гајлето“ за ова прашање.

Околу 750 веќе се распоредени, а околу 350-60 остануваат да се дораспределат заради правни формалности: постапка за засновање на работен однос, префрлување на соодветните финансии од една институција во друга. Верувам дека сите институции ќе ја спроведат“, рече Заев.

Целта, според Заев е да нема вработен во јавната администрација кој зема плата, а не оди на работа.

„Така што државата којашто го вработила пред 7-10 години е должна да му обезбеди работно место и да го задолжи со работа тој вработен наш сограѓанин“, дециден е Заев.

Фактор денеска пренесе изјава на директорот Пауновски, кој рече дека дури и по цена да биде разрешен, нема да попушти, и ќе прими само 12 од доделените 35 рамковно вработени. 

Можеби ќе ве интересира

ТРЕНЧЕВСКА: Имаме буџет кој единствено ги задоволува потребите на 24 министри и нивните кабинети

ТРЕНЧЕВСКА: Имаме буџет кој единствено ги задоволува потребите на 24 министри и нивните кабинети

ЕК: Приватната потрошувачка и инвестициите ќе го забрзаат растот на македонскиот БДП

ЕК: Приватната потрошувачка и инвестициите ќе го забрзаат растот на македонскиот БДП

НЕВЕРОЈАТНО: Најскапиот квадрат во стан во стара зграда во Белград е платен 7.500 евра

НЕВЕРОЈАТНО: Најскапиот квадрат во стан во стара зграда во Белград е платен 7.500 евра

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО ЗАГРЕБ: Има пораст, но вработените во производство на кожа се со најмали примања

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО ЗАГРЕБ: Има пораст, но вработените во производство на кожа се со најмали примања

ПОСКАПЕЛО ОВОШЈЕТО: Цената на зеленчукот се зголемила за 47.7 отсто

ПОСКАПЕЛО ОВОШЈЕТО: Цената на зеленчукот се зголемила за 47.7 отсто

„Партнерствата се клучни за праведна енергетска транзиција“ – Божиновска се обрати на „Joint MDB Pavilion“ во рамки на COP29

„Партнерствата се клучни за праведна енергетска транзиција“ – Божиновска се обрати на „Joint MDB Pavilion“ во рамки на COP29

КАКО ДА ПОМИНЕТЕ ДОБРО НА ЦРНИОТ ПЕТОК И ДА НЕ ЗАПАДНЕТЕ ВО ЗАМКА - ова се петте клучни совети

КАКО ДА ПОМИНЕТЕ ДОБРО НА ЦРНИОТ ПЕТОК И ДА НЕ ЗАПАДНЕТЕ ВО ЗАМКА - ова се петте клучни совети

ЕСМ Продажба „ја пие крвта“ на универзитетската Клиника за хематологија! И наплати струја по цена 20 отсто повисока од таа на берзата

ЕСМ Продажба „ја пие крвта“ на универзитетската Клиника за хематологија! И наплати струја по цена 20 отсто повисока од таа на берзата

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД СТОПАНСКА БАНКА ЗА ИЗМАМИ СО КРИПТО ВАЛУТИ: Се обрати директно до своите клиенти

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД СТОПАНСКА БАНКА ЗА ИЗМАМИ СО КРИПТО ВАЛУТИ: Се обрати директно до своите клиенти