17 Декември, 2025
0.0598

Заев: Утре гледајте, ќе биде интересно со Мицкоски

Објавено во: Македонија 25 Март, 2019 15:08

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев за утрешниот ТВ-дуел со Христијан Мицкоски во рамки на емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 денеска ги повика граѓаните масовно да го следат телевизиското соочување. За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека е тешко да се дебатира со него бидејќи „е неодговорен“.

- Тежок, неодговорен, за многу важни работи не помага на државата. Разбирам дека опозицијата треба да е критична, но треба да е реална и одговорна. Јас бев 21 месец во опозиција - рече денеска Заев, одговарајќи на прашање на трибината во Куманово „Фер општество, Шанса за сите“

Тоа ќе биде второ соочување на двајцата политички лидери, по ланското на јавниот национален сервис.

Ги повика младите да не чеклаат работно место во јавната администрација затоа што така ќе ги загубат своите креативни сили.

- Доаѓа мониторингот на ЕУ, доаѓаат институции кои ќе стават ред. Младите да не бараат работа во јавната администрација, така може да ја загубат креативноста“, рече Заев.

Тој додаде дека е потребно да се развива приватниот сектор, а не да се форсира јавниот, бидејќи така долгорочно државата не може да се развива.

- 70 милиони евра имаме во буџетот за поддршка на стопанството. Од нив 12 за финансиска подршка и 13 за привлекување на инвестиции, рече премиерот.

Додаде дека се размислува за идејата државата да ги доплаќа придонесите за работниците доколку работодавците им ја зголемат платата за 100 евра


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски