15 Јануари, 2025
0.0342

Заев: Владата и УЈП го однесоа „Киро Ќучук“ во стечај

Објавено во: Економија 09 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Струмица Зоран Заев доцна вчера ја обвини Владата и Управата за јавни приходи, дека се главните виновници што фирмата „Киро Ќучук“ од Велес заминува во стечај. „За име на вистината која што ја знаат Велешани, ја знае цела Македонија, уште еднаш ќе повториме. Фирмата „Еленица“ од Струмица е сопственост на Трајче Заев, прв братучед на Зоран Заев, таа е сопственик на 24,8 проценти од акциите во „Киро Ќучук“. Таа сопственост ја има стекнато по пат на берза во 2008 година. Кога ги купи акциите „Еленица“ од Струмица во истиот момент беше попишан целиот имот на „Киро Ќучук“ од страна на Управата за приходи, беше ставено разлачно право и од тој момент Заеви не можат да размислуваат ни на управување, ни на мнозински пакет, ние не можевме да влеземе во дворот на „Киро Ќучук“, 24,8 проценти е малцински пакет“, одговори Заев на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ. За стечајот на велашката тулана Заев ги обвини Владата и УЈП. „Фабриката бескрупулозно ја носат во стечај. Подносители на стечајот се Владата и УЈП. И целта е една, да пропаднат парите на Заев“. Претходно ВМРО ДПМНЕ обвини дека Заеви ја купиле фабриката за да не работи. „Во повеќе наврати досега прашуваваме дали Киро Ќучук е купена од Заеви токму за да не работи. За да не биде конкуренција на фабриката Еленица, која е во целосна сопственост на Заеви“, посочи советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во општина Велес Петре Саздов кој изрази загриженост за неколкуте стотици вработени од фабриката кои останаа без работа.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања