16 Декември, 2025
0.0341

(ФОТО) Заев во прегратка на Борисов

Објавено во: Македонија 17 Мај, 2018 11:39

Добивај вести на Viber

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска учествува во работата на Самитот ЕУ за Западен Балкан, кој се одржува во Софија, Република Бугарија, која како Претседавач со Европскиот Совет во првата половина од оваа година, е домаќин на шефовите на држави или влади на земјите-членки на Европската унија и на нивните колеги од регионот на Западен Балкан.


Во официјалниот дел од програмата, премиерот Зоран Заев денеска беше пречекан од страна на премиерот на бугарската влада Бојко Борисов, по што учествуваше во сесијата на отворањето на Самитот на ЕУ за Западен Балкан, со кој претседава претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во име на ЕУ заедно со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Претседателот на Владата на РМ Зоран Заев ќе учествува во работната пленарна сесија на тема „Поврзување“ (Conectivity), а за време на работниот ручек на шефовите на владите и на држави, со највисоките претставници на телата на Европската Унија, е планирано да има свое обраќање на тема „Заедничко справување со заканите“.


Во рамките на својата агенда Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска е предвидено да оствари средба со Канцеларката на Сојузна Република Германија Ангела Меркел, како и со премиерот на Холандија Марк Руте, како и со премиерите на Австрија и Шведска Себастијан Курц и Стефан Лофвен.


Лидерите на земјите учеснички на Самитот на ЕУ за Западен Балкан се очекува да ја усвојата Софиската декларацијата за Запеден Балкан на ЕУ, како и Софиската агенда на приоритети, која содржи конкретни проекти кои ќе бидат поддржани од ЕУ за да се исполнат зацртаните цели од декларацијата насочени кон зајакнување на владеењето на правото и демократските институции во земјите на Западен Балкан, борбата против организираниот криминал, доброт владеење и почитувањето на правата на малцинските заедници, како и на зајакнување на економските врски меѓу земјите од регионот, и на регионот со ЕУ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење